Рускиот институт NAMI го покажа прототипот Lada Vesta со автопилот опремен со технологија за автономно управување.
NAMI, централниот државен институт за научно истражување на автомобили, го тестира овој модел на полигон и во градски услови, пишува Sputnik.
Lada има видеокамери, ласерски радари како и традиционални радари.
Од институтот NAMI наведуваат дека конечната цел на проектот за создавање на автономен систем може да се вградува во различни модели на автомобили.