Руската армија ги разоружа Вагнеровци, Путин им даде три опции

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) наводно ги отфрлила обвиненијата против платеничката група Вагнер поради краткотрајниот вооружен бунт во текот на викендот, објавија во вторник руските новински агенции.

Новинската агенција РИА објави дека обвинението е отфрлено бидејќи „учесниците ги прекинале своите дејствија директно насочени кон извршување на кривични дела“.

Кремљ соопшти дека борците кои учествувале во бунтот нема да бидат кривично гонети и ќе им биде дозволено да се вратат во базата според договорот постигнат во саботата со кој се стави крај на кризата.

РИА исто така јави, повикувајќи се на Министерството за одбрана, дека Вагнер се подготвува да му предаде тешко оружје на министерството.

Путин: Имате три опции!

Обраќајќи ѝ се на нацијата за прв пат по завршувањето на краткотрајниот платенички бунт викендов, рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот вети дека одговорните за вооружениот бунт, кој ја фрли неговата земја во хаос, ќе бидат „изведени пред лицето на правдата“.

Тој рече дека ќе го почитува своето ветување дека ќе дозволи борците на Вагнер да бидат префрлени во Белорусија, доколку сакаат, да потпишат договор со Министерството за одбрана или едноставно да се вратат кај нивните семејства.

Тој не го спомна шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, кој го започна вооружениот бунт.

Путин во саботата рече дека Русија докажала дека секоја „уцена“ е осудена на пропаст и им понудила на членовите на групата Вагнер да се приклучат на армијата, да одат во Белорусија или да се вратат дома.

„Ви благодарам (на Русите) за вашата издржливост, вашето единство и вашиот патриотизам. Оваа солидарност на граѓаните покажа дека секоја уцена (...) е осудена на пропаст“, ​​рече тој во обраќањето до нацијата, пред да ги понуди војниците на паравоена група да потпише договор со редовната армија, да се „врати кај своите семејства и блиски“ или да „одат во Белорусија“.

Но, аналитичарите не веруваат дека Путин навистина ќе обезбеди слобода за Вагнерците и велат дека сето тоа може да биде стапица.

Пригожин бара оставка од Шојгу

Во невиден предизвик за авторитетот на Путин, борците на групата Вагнер напредуваа кон Москва во саботата, барајќи смена на военото раководство за, како што тврдат, лошото водење на војната во Украина.

Тие потоа ненадејно го прекинаа својот бунт и се вратија во своите бази според договорот со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Шефот на руската платеничка група, Евгениј Пригожин, го шокираше светот кога во саботата започна вооружен бунт.

Пригожин побара министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов - кого го критикуваше за, како што вели, катастрофалното раководство на војната против Украина - да дојдат во Ростов, кој неговите сили го заробија.

Тој рече дека има 25.000 борци кои ќе ја „обезбедат правдата“ и наводи, без да обезбеди докази, дека руската војска убила голем број борци од неговата приватна милиција Вагнер во воздушен напад, што Министерството за одбрана го негираше.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе