Руската црква сака да изгради „православен Ватикан“

Руската православна црква работи на планови за изградба на свој Ватикан, проект за кој ѝ се потребни околу 2 милијарди долари.

Разговорите меѓу високите црковни лица и управата на градот Сергиев Посад, североисточно од Москва, траат уште од 2017 година.

Намерата е овој град да се претвори во „главен град на православието“, објави рускиот вебсајт Vedomosti.

Сергиев Посад е местото каде се наоѓа манастирот Света Троица-Сергиева лавра, кој се смета за духовен центар на Руската православна црква.

На почетокот на оваа година, црквата побара од рускиот претседател Владимир Путин да го поддржи овој проект.

Манастирот во 1345 година бил основан од еден од најчествуваните руски светци, Свети Сергеј Радоњешки, кој изградил дрвена црква во чест на Света Троица на ридот Маковец. Статусот на лавра, односно манастирска населба, манастирот го добил во 1744 година.

Црквата сега планира околу манастирот да изгради огромен комплекс градби, се наведува во документот од 300 страници, а како инспирација за овој проект се наведени Ватикан, Ерусалим и Мека.

Стратегијата предвидува реконструкција на Сергиев Посад, при што ќе биде поделен на духовен, станбен и управен округ.

Градоначалникот Михаил Токарев процени дека проектот би чинел околу 140 милијарди рубљи (2 милијарди долари) и дека ќе зазема една третина од градот, а во него е предвидено да има и музеј, културни центри, теолошка библиотека, хотел, висок црковен суд, медицински центар и православен медиумски центар.

Во документите се наведува дека проектот предвидува да се изгради и нов автопат, транспортни центри и нов аеродром за да се одговори на напливот на туристи.

реклама

Живот

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Read more

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more
 

Магазин

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе