Руски функционер им се закани на соседните земји кои влегуваат во НАТО: Финска прва ќе настрада

Кајгана/Макфакс
/ 28.12.2023 / 09:52

Москва не гледа никаква корист за Финска од влезот во НАТО, бидејќи во случај на воена ескалација меѓу Русија и алијансата, таа земја ќе прва ќе настрада, изјави постојаниот претставник на Русија во меѓународните организации во Виена, Михаил Уљанов во интервју за РИА Новости.

Според Уљанов, Москва традиционално гледа на својот сосед како на „неутрална и генерално пријателска земја“ со која има добрососедски односи. Сепак, вели тој, влезот на Финска во НАТО ја охрабри Русија да преземе одредени чекори, а пред сѐ да ги обнови воените окрузи Ленинград и Москва.

„Односно, одмазднички мерки секогаш ќе има. Само не разбирам како Финска има корист од ова. Живеевме во мир и наеднаш се најдовме меѓу Русија и НАТО, како составен дел од алијансата, но тие се наши соседи и не дај Боже ако дојде до влошување, тогаш прва ќе настрада самата Финска. Тоа навистина не би го сакал, се разбира“, изјави Уљанов.

Дипломатот потсети и дека Соединетите Американски Држави и Финска потпишаа договор за соработка во областа на одбраната, според кој американската армија ќе има пристап до воените објекти на територијата на својот сојузник.

„Ова е веќе сериозен предизвик“, нагласи Уљанов.

Финска стана членка на НАТО на 4 април годинава, а во средината на декември Хелсинки потпиша договор со Вашингтон за зајакнување на одбранбената соработка.

Потоа, амбасадорот на Финска, Анти Хелантер, беше поканет во Министерството за надворешни работи на Русија, каде што беше информиран дека Москва нема да ја остави неодговорена акумулацијата на воениот потенцијал на алијансата на нејзината граница, како и дека таа ќе ги преземе неопходните мерки за спорните одлуки на Хелсинки.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе