Руски тјунинг: BMW со погон на МиГ-23
Рускиот автомобилски ентузијаст Игор Негода е заслужен за оваа необична тјунинг преработка.
Тој објави видео на YouTube во кое го покажува радикалниот тјунинг на автомобил што дефинитивно бара многу знаење и уште повеќе искуство – стави погон на борбен авион МиГ-23 на неговото BMW.
Да не дојде до забуна, не станува збор за млазниот погон на рускиот борбен авион, туку за турбостартер, плинска турбина TS-21, што се користи како помошен агрегат при активација на главните мотори. За да функционира погонот, Игор направи неколку измени на автомобилот и со дополнителни уникатни елементи успеа да ги спои моторот и менувачот.
Како изгледа сето тоа, погледнете во видеото.