Руските олигарси ширум светот останаа без нивните луксузни јахти и палати

Од раскошни јахти до приватни авиони и палати, ултра богатите Руси кои се под санкции на Запад останаа без своите имоти.

Заплената на имотот без двоумење им паѓа тешко на олигарсите кои се сметаат за блиски до Кремљ. Во Велика Британија повеќе од стотина руски богаташи и нивните семејства се под санкции, во САД 140, а во ЕУ повеќе од 30.

Британскиот министер Грант Шапс изјави дека таквите мерки се смислени да ги удрат олигарсите таму каде што најмногу ги боли, „во пристапот на луксузните играчки“. Лондон долго време се сметаше за рај на богатите Руси кои таму ги чуваа парите, си ги школуваа децата и вложуваа во недвижности.

 Како што пишува The Economist, сега тоа им е одземено.

Аналитирачот Алекс Најс вели дека таквите потези во високо глобализирана економија се „целосно непознати“. Кога и да заврши војната во Украина, длабокиот јаз ќе остане дури и ако на богаташите само им е замрзнат имотот.

Но, нема сомнежи дека богаташите ги почувствуваа санкциите. Тоа се гледа и од листата на Forbes направена минатиот месец, кога 34 Руси беа отстранети од листата на глобални милијардери.

„За нив војната е апсолутна катастрофа“, тврди социологот Елизабет Шимфесел од Универзитетот во Бирминген.

Многу олигарси имаат двојни државјанства и не им се враќа назад во Русија.

„Сепак, Запад е место на кое руските власти не можат да ги прогонуваат“, вели Елизабет и додава дека олигарсите никогаш не се интересирале за развојот на правна држава во Русија.

Членките на ЕУ запленија имот вреден 30 милијарди евра од кои седум милиони во јахти, хеликоптери, имоти и уметнички дела. Вашингтон блокираше јахти и авиони во вредност над милијарда долари.

Американскиот претседател Џо Бајден предложи трајни санкции, тврдејќи дека на олигарсите не смее да им се дозволи да уживаат во луксуз додека умираат деца во Украина.

Фотографиите на запленети бродови и затворени палати предизвикаа реакции во Русија.

„Обичните Руси сакаат кога богаташите плачат“, изјави рускиот аналитичар Константин Калачев, цитирајќи наслов на мексиканска сапуница од 90-тите години, популарна во Русија.

Но, мала е веројатноста дека санкциите ќе влијаат на одлуките на Владимир Путин.

„Тој со богатите Руси не се состанува за да расправа туку за да им каже што мораат да направат“, вели Калачев.

Експертите сметаат дека е мала веројатноста тие да се бунтуваат против Путин, бидејќи тоа не е во нивни интерес.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе