Саботажа или дефект: Никој не знае како се оштети гасоводот Северен поток 

Кремљ денеска соопшти дека не ја исклучува можноста штетата на гасоводите „Северен поток“ во Балтичкото море да е предизвикана од саботажа, додека Европската комисија вели дека е прерано да се шпекулира за причината за истекувањето на гас во два гасоводи кои се наменети за испорака на гас од Русија до Европа.

Nord Stream AG, операторот на гасоводот, претходно во вторникот објави дека три морски линии Северен поток претрпеле „невидена“ штета за еден ден.

„Ниту една опција не може да се исклучи“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прашањето за можноста за саботажа.

Тој додаде дека Кремљ е многу загрижен за оваа ситуација, која бара брза истрага, бидејќи таа претставува проблем за енергетската безбедност на „целиот континент“.

Европската комисија внимателно го следи развојот на настаните и засега не гледа никакво влијание врз безбедноста на снабдувањето на Европа, изјави портпаролот на Комисијата.

„Во оваа фаза, многу е прерано да се шпекулира кои се причините... Земјите-членки го разгледуваат ова прашање, ние ќе останеме во близок контакт со нив, но ова навистина не е време за шпекулации“, рече тој на редовна прес-конференција.

Шведската поморска управа во вторникот предупреди на две истекувања на рускиот гасовод Северен поток 1 во шведските и данските води, набргу откако беше откриено истекување и на гасоводот Северен поток 2.

„Има две протекувања на Северен поток 1 - едно во шведската и едно во данската економска зона. Тие се многу блиски еден до друг“, изјави портпаролот на Шведската поморска управа (SMA).

Истекувањето било лоцирано североисточно од данскиот остров Борнхолм, изјави портпаролот, додавајќи дека не ја знае причината.

Во понеделникот данските власти побараа од бродовите да се држат надвор од радиус од пет наутички милји југоисточно од Борнхолм по истекување на гас од неактивниот гасовод Северен поток 2.

Притисокот во гасоводот Северен поток 2, кој требаше да ги удвои испораките на руски гас за Германија, нагло се намали во текот на ноќта од недела до понеделник од 105 на седум бари, изјави во понеделникот портпаролот на операторот.

Гасоводот Северен поток 2 требаше да испорача руски гас преку Балтичкото Море до Германија и беше завршен на крајот на минатата година. САД се спротивставија на тоа, тврдејќи дека тоа ќе ја зголеми зависноста на Европа од рускиот гас. Истата беше критикувана и од Украина, жалејќи се дека ќе изгуби приход од транзитот на рускиот гас.

Германија го „стави на мраз“ поради руската инвазија на Украина и се обидува да најде нови извори за снабдување со гас. Во времето кога германскиот канцелар Олаф Шолц го блокираше поради руската инвазија на Украина, во гасоводот се чекаше испорака на 300 милиони кубни метри гас, наведува Reuters.

Балтичкиот гасовод, нов подморски гасовод што испорачува норвешки гас во Полска со годишен капацитет од 10 милијарди кубни метри дневно, треба да биде отворен денеска.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе