САД: Девојче од шесто одделение во училиште застрела три лица

МИА/КАЈГАНА
/ 07.05.2021 / 08:16

Ученичка од шесто одделение отвори оган во своето училиште во Ајдахо, на северозападот на САД и повреди три лица. Таа беше разоружана од страна на една наставничка.

Повредени се две деца и чувар во училиштето во градот Рагби.

Девојчето носело огнено оружје во ранецот. Точната возраст на детето не е соопштена, но во САД, шестоодделенците обично имаат 11-12 години. Напаѓачката е приведена, а ранетите се пренесени во болница и не се во животнозагрозувачка состојба.

Шерифот на округот Џеферсон Стив Андерсон рече дека девојчето извадило пиштол од ранецот и испукало повеќе истрели внатре и надвор од училиштето во Рагби.

Една наставничка го разоружала девојчето и ја држела сè додека полициските службеници не дошле и ја одвеле во притвор, но полицијата не даде повеќе детали, освен дека го испитуваат мотивот за нападот и каде девојчето го пронашло пиштолот.

Ученикот Јандел Родригес вели дека седел во училницата, не знаејќи што ќе се случи.

„Бевме на час со наставникот и решававме задачи, кога одеднаш се слушна истрел, а потоа уште два пати. Слушнав врисоци. Нашиот наставник излезе да види што се случува, виде крв“, опиша Родригес.

Повредените ученици се во болница, а еден од нив бил погоден во два екстремитети.

„Вистинско чудо е што не минале полошо. На наставничката ѝ беше укажана помош и пуштена е на домашно лекување, бидејќи куршумот поминал низ екстремитетот“, додаде докторот.

Масовните пукања во САД се чести. Минатата година со огнено оружје беа убиени над 43.000 лица во земјата. Овој број вклучува и самоубиства со пукање. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе