Свет

САД го усовршуваат „најдобриот тенк во светот“

21. март 2019 - 19:29 | МИА/КАЈГАНА

САД ќе потрошат околу шест милијарди долари за усовршување на „најдобриот тенк во светот“, М1 Abrams, најави американскиот претседателот Доналд Трамп во говор во фабриката за производство на тенкови во градот Лајма во сојузната држава Охајо.

Lima Army Tank Plant е единствената фабрика за тенкови во САД. Сите слични армиски постројки во САД досега беа затворени.

Во текот на своето обраќање пред вработените, Трамп укажа дека парите за модернизација на 160 тенкови М1 ќе бидат доделувани во текот на следните три години.

Тој при тоа оцени дека М1 Abrams е „најефективниот, најсигурниот и најборбениот тенк во историјата на војните“.

Пентагон во февруари објави видео од усовршениот М1 Abrams на кој се гледа дека тенкот е надградено со систем за активна заштита Trophy HV дизајниран од израелската компанија Rafael Advanced Defense Systems.

Повеќе американски медиуму објавија дека моделот M1A2C на тенковите Abrams е „веројатно најдобриот тенк во светот“.

САД во 2020 година планираат зголемени трошоци за одбрана до 750 милијарди долари.

Коментирај