Салма Хајек е опасно секси во трејлерот за новиот „Magic Mike“

Атрактивната мексиканско-американска актерка Салма Хајек го претстави трејлерот за својот нов филм кој, јасно е уште на прв поглед, ќе ја плени публиката.

Атрактивната актерка, која во септември го прослави својот 56-ти роденден, изгледа неверојатно, а сега ја воодушеви својата публика во трејлерот за „Magic Mike's Last Dance“.

Хајек ја глуми партнерката на стриптизетот Мајк, кој го игра Ченинг Тејтум, а една од сцените што особено им се допадна на гледачите е онаа каде парот изведува секси танц.

„Дојде и ми го подари овој магичен, неочекуван момент што ме натера да се сетам која сум навистина“, вели актерката во сцената, а под трејлерот има коментари на обожавателите кои напишале дека поради Салма со нетрпение го очекуваат ова продолжение на филмот.

„Magic Mike's Last Dance“ првично беше потврдено дека се снима во ноември минатата година, а премиерата е планирана на Денот на вљубените. Иако сè уште не се познати конкретни детали за филмот, Ченинг вети дека ова ќе биде најдоброто продолжение досега.

Исто така, Хајек истакна дека нејзината улога во филмот ѝ е „најсилниот женски лик досега“, и дека љубовната приказна со Тејтум ќе биде нешто силно и посебно.

Remote video URL

Првиот филм „Magic Mike“ беше објавен во 2012 година. Режисер е Стивен Содерберг, а во главните улоги покрај Тејтум беа и Метју Меконахи и Џо Манганиело. Второто продолжение беше објавено три години подоцна.

Филмовите добија позитивни критики од критичарите, но и од гледачите, со кои трилогијата брзо стана хит.

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кипарската Шакира воодушеви со настапот во првата полуфинална вечер на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе