Само еден претседател ќе му дојде на Путин на Денот на победата

Само еден претседател, киргистанскиот колега Садир Јапаров, се согласи да му се придружи на рускиот претседател Владимир Путин на парадата за Денот на победата во Москва на 9 мај.

„Оваа година немаше посебни покани, не е значајна годишнина. Во пресрет (9 мај) оваа година, киргистанскиот претседател Јапаров ќе ја посети (Русија) и бидејќи тој ќе биде тука ден претходно, тој одлучи да остане и да ја споделиме нашата гордост на Денот на победата“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков, исто така, рече дека Путин „секако ќе одржи говор“ за време на парадата.

Откажани се бројни паради на Денот на победата во кои обично учествуваат воени возила, а парадата на Бесмртниот полк нема да се одржи. За време на парадата во 2022 година во Москва, авијацискиот дел од настанот беше откажан.

Странските медиуми објавија дека една од причините за откажувањето на воените паради е недостатокот на воени возила поради огромните загуби за време на агресијата врз Украина. Исто така, постои страв од можни украински напади.

Парадата на 9-ти мај е една од најголемите пропагандни настани во Русија секоја година каде Путин ја покажува својата „моќ“. Отсуството на странски државници укажува на дипломатската изолација во која се најде рускиот режим.

реклама

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Читај повеќе

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Читај повеќе

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе