Сателитски снимки сведочат за огромната штета од пожарите во Грција

Се вели дека една слика вреди илјада зборови, а дека тоа е навистина така покажуваат снимките на сателитот Copernicus, кои ја покажуваат огромната штета предизвикана од пожарите во Грција за период од десет дена.

Сателитските снимки се направени помеѓу 1 и 11 август и јасно ја покажуваат штетата предизвикана од пожарите на грчкиот остров Евија. Се проценува дека и покрај големите напори на пожарникарите изгореле 50.910 хектари вегетација. По седум дена, пожарот беше само делумно ставен под контрола, а добрата вест е дека дождот им помага на пожарникарите во нивната работа. Сепак, неколку громови предизвикаа нови пожари.

Жителите кои беа евакуирани поради пожарот тврдат дека ситуацијата на островот е како хорор филм.

Грција беше погодена од седумдневен топлотен бран, најлош во последните три децении, а високите температури и жешките ветрови се идеални услови за ширење на огнови. Пожарот уништи вегетација, шуми, домови, деловни објекти и многу повеќе.

Гувернерот на Централна Грција, Фанис Спанос, рече дека ситуацијата на северот на островот е многу тешка.

„Фронтовите се огромни, како и уништената област“, ​​рече тој.

Ризикот од пожар е исклучително висок и во наредните денови.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Регион

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Read more

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Read more

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе