СДСМ нема да учествува на изборите на 5 јуни

Опозициската СДСМ нема да учествува на предвремените парламентарни избори на 5 јуни, објави во среда вечер, на прес-конференција, лидерот на партијата Зоран Заев.

„Македонијо, без слободни избори нема слобода. Со месеци се бориме за слободни избори, за принципот еден човек еден глас, но (Никола) Груевски и ВМРО-ДПМНЕ постојано го уриваше договорот од Пржино“, рече на почетокот од своето обраќање претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Како што појасни Заев, ваква одлука донеле порад тоа што не се исполнија минималните услови за фер и демократски избори – „немаме прочистен избирачки список, нема реформи во медиумите, ништо не се направи да се оддели партијата од државата...“

„Продолжуваме со активностите за освојување на слободата и демократијата со сето она што демократијата и Уставот и законите го дозволуваат. Во име на тие принципи и демократијата, СДСМ нема да учествува на овие лажни избори. Граѓаните на Македонија видоа и слушнаа зошто ВМРО-ДПМНЕ постојано одбиваа да го спроведат тоа што го потпишаа за да продолжат со криминалот и корупцијата. Без слободни избори нема слобода. Демократска Македонија ова нема да го дозволи. Ги повикуваме сите граѓани, без разлика на нечија верска, етничка и каква било друга определба, заедно да застанеме во одбрана на демократијата. Ова е прашање за Македонија и за нејзината иднина“, рече Заев

Потенцира дека на сите им е јасно дека без слободни избори нема слобода.

„Таму каде мртвите гласаат. Таму каде државјани на други држави гласаат во име на граѓаните на Македонија и каде партиските послушници ги крадат гласовите на вистинските гласачи. Таму каде што ги затвараат устите на сите кои мислат поинаку и кадешто на целата јавност и ги затвараат ушите за вистината... Таму нема слобода. Демократска Македонија ова нема да го дозволи“, порача Заев.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе