Според првични неофицијални резултати на Државната изборна комисија, од 14 отсто обработени гласови, СДСМ е во водство во 37 општини, а ВМРО-ДПМНЕ води во 14 општини.
Според преброени 14,22 отсто од гласовите, кандидатите за градоначалници на СДСМ имаат водство во Битола, Богданци, Гевгелија, Куманово, Велес и Дојран.
Во Тетово, Теута Арифи од ДУИ е во водство пред нејзиниот против кандидат Биљал Касами од Беса.
Во Ѓорче Петров е изедначено, а во Гази Баба и во Штип водат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.
За останатите општини засега нема објавено детални податоци на веб-страницата на Државната изборна комисија.