Се чекаат резултати од тест за присуство на корона вирус кај уште едно лице

Во овој момент се чекаат тестовите за евентуално присуство на корона вирус на уште едно лице кое дошло од Рим и се јавило на Клиниката за инфективни болести со знаци на грип. Резултатите ќе бидат готови за час и половина по што јавноста ќе биде информирана, рече на попладневната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Претходно негативни на присуство на корона вирус беа тестовите на двајца тестирани пациенти, еден возач на камион кој дошол од Северна Италија и една пациентка која допатувала од Рим.

Во моментов, веќе хоспитализираната пациентка на Инфективната клиника во Скопје, која со комбе допатува од Милано е единствениот регистриран случај заразен со вирусот COVID-19.

-Пациентката, пак, кај која беше потврден корона вирус се чувствува добро, има лесна клилничка слика и нема посериозни компликации, рече Филипче.

Тој информираше дека 12 лица кои биле во контакт со оваа пациентка се во домашна изолација и не смеат да го напуштаат живеалиштето ниту некој да им доаѓа на гости. Тие се здрави, немаат никакви симптоми. Филипче потенцира дека на овие лица храна и вода и други потребни намирници ќе им доставуваат припадници на Црвениот крст.

– Доколку се во домашна изолација, што значи дека се изолирани од контакти со други лица, не смеат да ги напушаат домовите и не смеат да им доаѓаат други лица во домовите. Станува збор за 12 здрави лица, од кои две се деца, во Скопје и Струмица, пред сè членови на фамилиите во неколку куќи во истите дворови, рече Филипче.

Во меѓувреме, Владата ги извести сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработени во основно, средно и високо образование како и сите ученици и студенти дека доколку во последниве две недели патувале или живеат со некој кој патувал во регионите: Ломбардија, Венето, Емилија Ромања, Пиемонт во Италија, како и Кина, Хонгконг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван потребно е, да не доаѓаат на работа/училиште/факултет и да ја информираат институцијата/претпријатието/училиштето .

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

Герасимовски: Со видео надзор, општината ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Read more

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more
 

Вести

Герасимовски: Со видео надзор, општината ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе