Се намалуваат цените на бензините и дизелот

Скопје, 30 септември 2019 (МИА) – Малопродажните цени на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат за еден денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 68,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98 изнесува 71 денар за литар, а Еуродизелот ќе се продава по 63,00 денари за литар.

За еден денар се намалува цената на Екстра лесното масло за домаќинство  што ќе се продава по 52,50 денари за литар и малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,876 денари за килограм и ќе изнесува 33,158 денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 4,35 отсто или за 27,50 долари за тон, кај дизелот има намалување во просек за околу 3,36 отсто или за 20,70 долари за тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 3,53 отсто или за 21,35 долари за тон и кај мазутот намалување во просек за околу 4,12 отсто или за околу 16,20 долари за тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,96 денари за долар.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе