Сѐ помалку КОВИД заразени, се чекаат одлуки за дополнително попуштање на мерките

Скопје, 15 мај 2021 (МИА) –  Нема влошување на епидемолошката состојба по попуштањето на рестриктивните мерки и според здравствените власти треба да останат во сила уште најмалку една недела.

Третиот бран од ковид пандемијата стивнува. И вчера, како и во претходните денови, се регистрирани мал број новозарезени, а се намалува и бројката на починати како последица на вирусот. Во вакциналните пунктови продолжи вакцинацијата, а во државава пристигнуваат и дополнителни количини за да се обезбеди континуитет во процесот. Синоќа пристигнаа 38.400  вакцини „Астра зенека“ обезбедени преку Ковакс механизмот, а денеска уште 100 илјади вакцини од кинески „Синофарм“, донација од кинеската Армија.

Новите дози на „Астра Зенека“ ќе бидат наменети за ревакцинација и вакцинација на граѓани над 60 години. Имунизацијата на населението, оцени вчера Филипче, се одвива прилично добро и досега се вакцинирани околу 150 илјади граѓани од кои 30 илјади се веќе ревакцинирани.

Според Филипче, сè уште е рано да се тргне препораката за носење маски на отворено, а за тоа ќе се разговара на почетокот на следната недела на состанок на Комисијата за заразни болести. Првин треба да се тргне препораката за носење маски на отворено, па евентуално да се размислува за тоа вакцинираните со две дози да не носат маски на затворено. Притоа, како што рече, треба да се слуша ставот на експертите.

Доминантен сој на коронавирусот во земјава и натаму е британскиот. -Сознанијата од сите анализи и до сега се дека ниту јужноафриканскиот сој, ниту бразилскиот, по карактеристика не можат да го надминат да доминира над британскиот сој. Тоа ни дава за право да мислиме и да веруваме дека дефинитивно овој бран стивна без разлика што очигледно има поединечни заболени од друг сој на вирусот, изјави вчера Филипче.

Како што најави, на состанок на Комисијата за заразни болести в понеделник ќе се разгледаат барањата на Независната угостителска комора, кои доставија предлози за работа на угостителските објекти. Меѓу другото од НУК бараат да се укине ограничувањето на работното време, да се дозволи работа во внатрешните делови на објектите и настап на музички групи, како и да се укине препораката на маса да седат само четири лица.

Во моментов, истакна Филипче, нема влошување на епидемолошката состојба заради попуштањето на рестриктивните мерки, но сепак смета дека мерките што во моментов се во сила, треба да останат уште најмалку една недела.

Од епидемиолошката состојба ќе зависи и одлуката за начинот на кој ќе продолжи наставата, односно враќањето на учениците во училиштата, истакна вчера министерката за образование и наука Мила Царовска. Фокус на Министерството за образование и наука, вели, е вакцинација на наставниот кадар. Покрај учителите од прво до трето одделение, имунизацијата продолжува со прва вакцина за преостанатите наставници и професори, како и на одговорните лица за спроведување на матурата. Предвидена е одредена динамика на вакцинирање на наставниот кадар група по група, а преостанува по спроведувањето на матурата да се утврди начинот како ќе се одвива учебната година од септември.

-Моја заложба и на Владата е училиштата повторно да бидат полни со ученици, тоа би сакала уште утре да се случи. Но, значајно е епидемиолошката состојба да се процени и да се почитува стручното мислење на Комисијата за заразни болести. Во моментот кога ќе има официјален став истиот ќе биде изнесен пред јавноста, рече Царовска.

Во претходното деноноќие од направени 1.658 тестирања беа регистрирани 30 нови случаи на КОВИД-19, со што бројот на активни случаи изнесува 5 913, починаа 16 лица, а како оздравени се регистрирани 359 пациенти.

Продолжи да се намалува и бројот на пациенти со Ковид во болниците. На инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава вчера беше пријавено дека се на лекување 586 пациенти, како и дека има околу 860 празни болнички кревети во ковид центрите.

Претходно, поради намалениот број  болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 154.524, на оздравени пациенти е 143.427, а на починати е 5.184.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе