Општа и луда тепачка се случи на натпреварот од американската колеџ лига помеѓу Тексас A&M–Комерс Лајонс и Инкарнејт Ворд Кардиналс.
Тексас победи со 76:72 по продолжение, а немилите настани започнаа по завршувањето на натпреварот.
Сѐ започна кога играчите на двата тима се поздравуваа на крајот од натпреварот, а ракувањето прерасна во сериозна тепачка, во која се вмешаа играчите и тренерите на двата тима.
Нејасно е што точно ја иницирало тепачката.
Поради тепачката се огласи и конференцијата Саутленд во која играат овие екипи.
„Свесни сме за ситуацијата што се случи на крајот од натпреварот. Ќе соработуваме тесно со двата универзитета за да ја прегледаме снимката и да изречеме дисциплински мерки. Неспортското однесување е недозволиво“, изјавија од оваа конференција.
Двата тима се од сојузната држава Тексас: „Лавовите“ од градот Комерс, а „Кардиналите“ од Сан Антонио.