Се враќаат класичните „бубрези“: Откриен дизајнот на новото BMW

BMW во последните години многу талкаше со дизајнот, дали сега се враќа на своите корени?

BMW веќе некое време најавува голема електрична револуција. Производните возила на новата платформа Neue Klasse се сè поблиску до реализација, а доказ за тоа е и новиот електричен SUV концепт, Vision Neue Klasse X.

Концептот е најава за сериски SUV модел кој ќе го замени сегашниот електричен iX3, инаку базиран на конвенционалниот X3.

Планот е новиот модел да влезе во производство во 2025 година, а од BMW тврдат дека овој теренец е значително усогласен со идното сериско возило.

Во внатрешноста очекувано доминира големиот екран на мултимедијалниот систем, но има и еден новитет. Имено, овој автомобил ќе има голем head up дисплеј кој во основа ќе ја проширува целата ширина на ветробранското стакло.

Однадвор, автомобилот ја следи класичната форма на SUV, со современ дизајн. Очигледно, тоа го најавува и враќањето на многу помалите, класични „бубрези“ на BMW на предната табла.

Се очекува серискиот Vision Neue Klasse X да го замени електричниот BMW iX3, додека X3 со бензински, дизел и хибридни мотори ќе добие свој наследник.

Основната идеја е нова технологија на електричен погон и батерии. BMW најавува технологија од 800 волти. Исто така, литиум-јонските батерии од следната генерација ќе бидат помали и полесни, ќе му овозможат на возилото досег на возење од 800 километри и 30 отсто побрзо полнење, велат од баварскиот производител.

Новиот концепт ќе биде официјално претставен за време на годишната конференција на BMW Group на 21 април.

Погледнете го од секој агол во нашата ФОТОГАЛЕРИЈА.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Авто новости

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Read more

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more
 

Автомобили

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе