Седум деца на Инфективна клиника со симптоми на морбили, досега 30 заболени

Скопје, 10 јануари 2019 (МИА) – Министерството за здравство соопшти дека денеска до 13 часот, на Инфективната клиника во Скопје се хоспитализирани седум деца на возраст од две години со симптоми на мали сипаници (морбили).

Сите деца се од населбата Ново Лисиче од Скопје и ја посетувале детската градинка „Сонце“. За овие седум пријавени случаи се чека лабораториска потврда.

Инаку, досега се заболени осум деца од оваа градинка, сите невакцинирани со МРП вакцината. Инаку, во групата имало 28 деца сите невакцинирани.

Од 16 декември до денеска вкупно 22 лица биле хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје. Од нив, 13 лица сѐ уште се хоспитализирани, а девет се веќе пуштени на домашно лекување. Најмладиот пациент е осуммесечно бебе, а најстариот има 33 години, од Скопје.

Најмногу заболени има во населбата Ново Лисиче (општина Аеродром) – вкупно девет деца.

Инаку, од вкупниот број заболени, осум пациенти од Скопје биле со полесна клиничка слика и се на домашно лекување. Според податоците од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, досега се прегледани околу 30 пациенти за кои се сомневале или потврдиле дека се заболени од морбили. Досега во сите вакцинални пунктови во Скопје се вакцинирани 1.692 лица, а само денес до 13 часот вакцинирани се 85 деца.

Од Министерството повикуваат децата да се вакцинираат и посочуваат дека има доволно количини МРП вакцини. Вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со добар квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење, наведуваат од Министерството.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе