Секој четврти тестиран е ковид позитивен, со омикрон заразени 68 проценти

Секој четврти тестиран, според последната статистика на МЗ, е позитивен на COVID-19, а 68 проценти од секвенционираните примероци се со новиот сој на вирусот – омикрон.

Вчера беа евидентирани 1.822 нови случаи на COVID-19, од направени 7.123 тестови. Регистрирани беа тројца починати, а 668 оздравени пациенти. Активни се 13.478 случаи.

Според последните податоци во земјава, омикрон варијантата на коронавирусот e детектирана кај 68 отсто од секвенционираните примероци направени во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје.

Омикрон сојот е откриен во 12 градови – во Скопје, Охрид, Кочани, Тетово, Велес, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци, Виница, Неготино и Битола.

Според извештаите од болниците, на територија на цела држава се хоспитализирани 351 лице што е 41 процент повеќе во споредба со претходна недела.

Исто така, зголемен е и бројот на дневни прегледи во инфективните одделенија низ болниците во државата, а бројот на прегледи на дневно ниво понекогаш во болниците во Скопје надминува 100 пациенти. Според епидемиолошките анкети, најголем дел од пациентите имале контакт со позитивен случај три дена пред почетокот на симптоми/добивање на позитивен резултат.

 

Досега во земјата се направени вкупно 1.679.890 тестирања на COVID-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 238.061. Бројот на оздравени пациенти е 216.521, а на починати е 8.062.

Комисијата за заразни болести засега нема предлози за нови мерки, ниту за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2 кои се асимптоматски случаи. За овој предлог членовите ќе донесат одлука по дополнителна обемна дискусија која ќе следи во наредните денови.

Се разгледува и евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година, но одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемилошката состојба во државата.

Надлежните апелираат до граѓаните кои чувствуваат какви било симптоми, да направат тест и да се изолираат за да спречат ширење на вирусот.

Претседателот на СДСМ и мандаторот за новиот владин кабинет Димитар Ковачевски синоќа ги повика граѓаните да се вакцинираат бидејќи на тој начин, како што рече, си помагаат на себе, но и на сите други, особено на здравствениот персонал како и на економијата во целост. Сепак, напомена дека тој не е за решенија со притисок бидејќи смета дека треба и јавното мислење да се почитува.

Во меѓувреме, високи бројки на заразени бележат сите земји во регионот и пошироко.

Според Светската здравствена организација (СЗО), над половината од луѓето во Европа би можеле да бидат заразени со новиот сој на коронавирусот – омикрон.

Американскиот епидемиолог и експертка од Светската здравствена организација (СЗО) за COVID-19, Марија Ван Керхове, истакна дека варијантата омикрон не значи лесна форма на болест.

Керхове рече дека појавата на омикрон што циркулира нашироко и кој многу ефикасно се пренесува меѓу луѓето е она што предизвикува нагло зголемување на случаите на коронавирус во светот. Таа истакна дека омикрон брзо ја надминува варијантата делта во однос на циркулацијата.

Сепак, според експертите, најновиот сој на вирусот е на пат кон нагло опаѓање. Тие гледаат знаци дека алармантниот бран на Омикрон можеби го достигнал својот врв во Британија и САД, по што бројот на новозаразени може да почне нагло да опаѓа.

Причината за ова е што омикрон станал толку многу заразен што можеби нема повеќе луѓе низ кои не поминал, само месец и половина откако беше откриен во Јужна Африка. Неговата распространетост „може да се намали исто толку брзо како што расте“, изјави истражувачот Али Мокдад од Универзитетот Вашингтон во Сиетл.

Во исто време, експертите предупредуваат дека сè уште постои голема неизвесност за тоа како би се развивала следната фаза од пандемијата.

реклама

Македонија

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе