Секојдневното консумирање на некои пијалаци може да го зголеми ризикот од деменција и мозочен удар

Газираните пијалаци и овошните сокови генерално содржат големи количини шеќер и вештачки бои, кои можат лошо да влијаат на нашето здравје. Сепак, дури и диеталните пијалаци не се најдобрата опција за здравје и развој на нервниот систем.

Имено, податоците од Framingham Heart Study (FHS) покажаа дека луѓето кои почесто консумираат засладени пијалаци како газирани и овошни сокови имаат поголема веројатност да имаат послаба меморија, помал вкупен волумен на мозокот и помал волумен на хипокампусот, површина од мозокот важен за меморијата.

Истражувачите, исто така, откриле дека луѓето кои дневно пиеле диетални газирани пијалаци имале речиси трипати поголеми шанси да развијат мозочен удар и деменција во споредба со оние кои не консумирале ваков тип пијалаци.

„Нашето истражување сугерира поврзаност помеѓу поголем внес на слатки пијалаци и атрофија на мозокот, вклучувајќи помал волумен на мозокот и послаба меморија“, објасни еден од авторите на студијата, д-р Метју Пејс, кој исто така е истражувач во FHS.

Овие податоци се појавуваат во списанието Alzheimer's & Dementia и во списанието Stroke.

„Исто така, откривме дека луѓето кои секој ден пиеле диетални пијалаци имале речиси трипати поголеми шанси да развијат мозочен удар и деменција. Ова вклучува поголем ризик од мозочен удар, каде што крвните садови во мозокот се блокираат, но и Алцхајмерова болест, најчестата форма на деменција“, додаде Пејс.

Познато е дека вишокот шеќер има негативно влијание врз здравјето. Диететските безалкохолни пијалаци често се рекламираат како поздрава алтернатива на обичните сокови. Сепак, потрошувачката на шеќер и вештачки засладени пијалаци е поврзана со кардиометаболички фактори на ризик, зголемувајќи го ризикот од васкуларни заболувања и деменција.

Иако истражувачите сугерираат дека луѓето треба да бидат внимателни со редовното консумирање на диетални газирани пијалаци или засладени пијалаци, прерано е да се каже дека нивните набљудувања претставуваат причина и последица. Потребни се многу студии за да се испита дали вештачките засладувачи предизвикуваат негативни ефекти врз мозокот.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Здравје

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Read more

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Read more

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе