ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Селекторот на Мароко: Ако некому му е доволно полуфинале, мене не ми е

Мароканскиот селектор Валид Реграги го најави утрешното полуфинале на Мундијалот против Франција и порача дека неговата репрезентација може да ја освои титулата светски првак.

 

Реграги направи чудо со Мароко. Овој млад, но веќе многу трофеен стручњак, кој беше шампион со три различни тимови, а ја има и титулата во африканската Лига на шампиони, испиша историја затоа што стигна до полуфиналето со Лавовите на Атлас, што ниту една африканска репрезентација досега го нема направено.

Но, тој не сака да застане тука. Иако ривал е моќната Франција, Реграги истакнува дека полуфиналето не му е доволно.

„Ако некому му е доволно полуфинале, мене не ми е. Ако стигнете до полуфиналето и не сте ‘гладни’, тогаш има проблем. Најдобар тим во светот е Бразил и тие веќе го напуштија првенството. Амбициозни сме и гладни, но не знам дали ќе биде доволно“, изјави Реграги на прес-конференцијата пред натпреварот.

Селекторот кој го наследи Вахид Халилхоџиќ смета дека Мароко може да ја освои титулата светски првак.

„Сакаме Африка да биде на врвот на светот, но мора силно да напредуваме. Не сме фаворити, но имаме самодоверба. Можеби тоа ме прави луд, но малку луд може да биде добро. Верувам дека одиме на финале“, изјави Реграги.

Remote video URL

Мароко утре го игра својот дуел против Франција, додека првото полуфинале вечерва го играат Хрватска и Аргентина.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе