Сер Алекс: Го сакав Тоти во Јунајтед, но ме одби

Интересно откритие даде поранешниот предводник на Манчестер Јунајтед велејќи дека бил одбиен од римската икона Франческо Тоти.

Утре во рамките на полуфиналето од Лига Европа се среќаваат Манчестер Јунајтед и Рома, па по тој повод La Gazzetta dello Sport направи интервју со Сер Алекс Фергусон, најтрофејниот стратег во Премиер лигата чие име со златни букви е испишано во историјата на Манчестер Јунајтед.

Токму Сер Алекс ги водеше „Црвените ѓаволи“ на овој незаборавен дуел на „Олд Трафорд“ кога се сретнаа овие два тима, а Јунајтед славеше со неверојатни 7:1. Тоа беше во 2007 година во Лигата на шампионите.

Шкотскиот стратег во својата автобиографија ја има спомнато токму легендата на „Римската волчица“, Франческо Тоти, па затоа новинарот на Gazzetta го запраша дали некогаш се обидел да го донесе во Манчестер.

„Навистина ни се допаѓаше како играч и имавме во план да го вклучиме во нашиот состав. Но, само што го покажавме нашиот интерес веднаш ни стана јасно дека Тоти не сака да си замине од Рома“, вели Фергусон.

„Тој беше длабоко поврзан со градот. Неговото CV е јасно: Тоти го има носено само дресот на Рома“, открива Сер Алекс зошто не успеал да го донесе Италијанецот во црвениот дрес.

Познато е дека Тоти одбиваше бројни понуди, далеку побогати од она што го заработуваше на Рома, но до крајот на кариерата му остана верен на клубот за кој навивал уште како дете. Го има одбиено дури и Реал Мадрид и тоа во ерата на Галактикос, а сега е јасно дека ја одбил понудата дури и од великан како Сер Алекс Фергусон.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе