Северна Кореја истрела балистичка ракета од подморница

Северна Кореја денеска извршила уште едно истрелување на балистичка ракета од подморница,  од својот источен брег ,објави јужнокорејската армија, откако Пјонгјанг се закани со „превентивни удари“ како одговор на новите американско-јужнокорејски воени вежби на кои се увежбува напад врз Северна Кореја во случај на воена ескалација на ситуацијата на Корејскиот полуостров.

Балистичката ракета која ја лансирала подморница на Северна Кореја, прелетала околу 500 километри и паднала во зоната на идентификација на јапонската противвоздушна одбрана, јавува јапонската агенција Kyodo повикувајќи се на Здружениот комитет на началниците на штабовите на Јужна Кореја.

Јужнокорејската агенција Yonhap повикувајќи се на воени извори пренесува дека истрелувањето на ракетата од севернокорејската подморница било изведено недалеку од пристанишниот град Синпо, во покраината Хамгјонг-Намдо рано утрото во средата.

Претходно Северна Кореја лансираше балистички проектил од подморница на 9-ти јули. И покрај тоа што ракетата експлодираше на 10 километри височина и беше оценет како неуспешно лансирање, западните експерти забележаа значителен напредок во споредба со претходните слични лансирања во декември и април.

На 3-ти август Пјонгјанг, исто така, лансираше проектил од територијата на покраината Хвангхае-Намдо во правец на Јапонското Море. Тоа беше првпат севернокорејски проектил да падне во ексклузивната економска зона на Јапонија, на 250 километри западно од полуостровот Ога во префектурата Акита. Поради тоа Токио донесе одлука за ставање во постојана готовноста на силите за самоодбрана (официјален назив за јапонската армија) за пресретнување на севернокорејските ракети.

Експертите тогаш истакнаа дека Северна Кореја се наоѓа во фазата на тестирање на летот на проектилите и истрелување од под нивото на морето, пред да мине на тестирањето на прецизноста на поаѓање на целта. Оценуваат дека овие проектили може да бидат ставени во вооружувањето на севернокорејската армија за три години.

Лансирањето од средата се случи неполни 48 часа од почетокот на годишните воени маневри во кои се ангажирани 50.000 јужнокорејски и 25.000 американски војници и офицери. Вежбата под називот Ulji Freedom Guardian, е претежно компјутерска симулација на напади врз нуклеарните и ракетни ресурси на Северна Кореја во случај на „вонредна состојба“ на Корејскиот полуостров, но сепак ангажирани се вкупни 75.000 војници.

Сеул и Вашингтон велат дека карактерот на овие маневри е исклучиво одбранбен, но Пјонгјанг ги гледа како провокација а министерството за надворешни работи ги квалификуваше како „непростлив злосторнички чин, кој може да го забрза патот на полуостровот до работ на војна“, барајќи итна расправа во Советот за безбедност на ОН во врска со американско-јужнокорејски воени вежби.

Како одговор на маневрите, Генералштабот на Корејската народна армија се закани со превентивен нуклеарен напад врз единците на САД и Јужна Кореја „доколку има и најмал знак за агресија од нивна страна“. Во соопштението што го пренесе службената новинска агенција KCNA, министерството за одбрана на Северна Кореја истакна дека „револуционерната армија го очекува историскиот момент за да го уништи упориштето на агресиите и војните, а исто така и да го ослободи јужниот дел од Корејскиот полуостров“.

„Единици на Корејската народна армија се подготвени да нанесат превентивен нуклеарен удар врз воените групации на САД и Јужна Кореја кои учествуваат на маневрите Ulchi Freedom Guardian“, и силите распоредени на границата се „потполно подготвени за одмазда во смисла на напад за предупредување на сите вмешани во офанзивните непријателски сили“, се закани севернокорејскиот Генералштаб.

Северна Кореја неколку месеци тестира балистички проектили и годинава во јануари го изведе четвртиот нуклеарен опит, па коментаторите во регионот оценуваат дека меѓукорејските односи не биле толку напнати уште од 1970-те години.

Нервозата е засилена по неодамнешниот бран пребегнувања на луѓе од Северна Кореја, од кои најсилно одекна оној на заменикот на севернокорејскиот амбасадор во Лондон кој се семејството минатата седмица пребегна во Јужна Кореја. Во понеделниот јужнокорејската претседателка Парк Гиен-хи предупреди на опасноста од севернокорејски одговор по ваквите случаи.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе