Шекеринска за пописот: Време е да се преброиме, доволно чекавме

По цели две децении, конечно имаме знаење, можност и согласност дека пописот е најважната статистичка операција која не смееме да ја одложуваме. Претстојниот попис на населението е наша заедничка обврска и одговорност. Треба да видиме колку сме на број, за да создаваме соодветни политики што ќе бидат реални и ќе се базираат на вистинската слика за македонското општество, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска во видео обраќање кон граѓаните.

Шекеринска потенцираше дека пописот ќе покаже каде има најмногу невработени и која политика за развој на вработеноста ќе даде најдобри резултати. Таа рече дека пописот ќе помогне во вработувањето на младите во одбраната и во развојот на системот за кризен менаџмент.

– Со вистинските податоци ќе можеме подобро да ја подмладиме и одбраната. Да привлечеме млади војници токму од средините каде што имаме најмногу невработени, да им помогнеме тие млади луѓе да ги добијат можностите за напредок во кариерата што ги дава војничката професија. Овие статистички податоци се клучни и за да развиеме подобар систем за кризен менаџмент. Пребројувањето и пописот, на пример, ќе ни кажат колку пожарникари треба да има во секоја од вашите средини. Да знаеме колку се потребни во секој град, во секоја општина. Само знаејќи колку сме, можеме да организираме систем кој ќе биде секогаш пополнет и подготвен да ви помогне вам, на вашите семејства, на вашите соседи, рече министерката Шекеринска.

Пописот е заедничка одговорност, но и заедничка шанса за подобар локален развој, додаде Шекеринска и порача „да се преброиме, доволно чекавме“.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе