Шест едноставни трикови кои помагаат побрзо да се заспие

Поради стрес или обврски, квалитетот на сонот често може да биде нарушен. Затоа, не е лошо да знаеме што може да ни помогне да се опуштиме, полесно да заспиеме и да го одржиме квалитетот.

Лекарите секојдневно ја нагласуваат важноста на спиењето и обично наведуваат дека на возрасен човек му треба меѓу 7 и 8 часа сон секоја ноќ. Сепак, познато е дека поради брзиот начин на живот, луѓето во просек спијат помалку од препорачаните 8 часа.

Користете распоред за спиење

Според клиниката „Мајо“, треба да легнете и да станувате во исто време секој ден, вклучувајќи ги и викендите. Строгиот распоред за спиење е навистина важен бидејќи го зајакнува циклусот на спиење и будност на вашето тело. Ако имате проблем да заспиете 20 минути по легнувањето, напуштете ја спалната соба и направете нешто релаксирачко како читање книга (нормална книга, не во електронски формат!) или слушање музика.

Внимавајте што јадете и пиете

Треба да избегнувате да одите в кревет со чувство на глад или ситост по прејадување. Особено, избегнувајте тешки или големи оброци во рок од неколку часа пред спиење, бидејќи непријатноста може да ве спречи да заспиете. Експертите советуваат и претпазливост околу внесувањето на никотин, кофеин и алкохол бидејќи се потребни часови за нивното дејство да помине.

Создадете мирна средина

Создадете мирна средина во вашата спална соба одржувајќи ја ладна, темна и тивка. Изложеноста на светлина во вечерните часови може да го одложи сонот. Во меѓувреме, избегнувајте продолжена употреба на екрани што емитуваат светлина непосредно пред спиење.

Ограничете го спиењето во текот на денот

Спиењето во текот на денот може да го попречи вашиот сон во текот на ноќта. Ограничете ја дремката на не повеќе од еден час и избегнувајте дремење по 16 часот. Меѓутоа, ако работите навечер, можеби ќе треба да дремнете пред работа за да го надоместите недостатокот на сон.

Вклучете физичка активност во дневната рутина

Редовната физичка активност може да придонесе за подобар сон. Сепак, избегнувајте да бидете активни навечер. Секојдневното поминување време на отворено, исто така, може да биде корисно за спиење.

Обидете се да се ослободите од грижите

Обидете се да ги решите вашите грижи или недоумици пред спиење така што ќе ги запишете на хартија пред да ги оставите на страна за да се справите со следниот ден. Можете исто така да започнете со основите, како организирање, одредување приоритети и завршување на задачите. Редовната практика на медитација исто така може да ја ублажи анксиозноста.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе