Шест придобивки од лубеницата

Лубеницата е вообичаено летно освежување коешто се консумира во долгите топли денови.

Богата е со витамини и хранливи материи, па дури може да помогне при заштита од болести. 

1. Ја одржува хидратацијата

– Лубеница со средна големина содржи околу 92 отсто вода, па затоа таа е одлична за да останете хидрирани, вели нутриционистот Елизабет Бејл.

Водата е важен дел од функционирањето на телото. Всушност, водата сочинува 60 отсто од составот на човековото тело, што објаснува зошто овој плод игра толку голема улога во хидратацијата.

2. Содржи многу витамини потребни на вашето тело

Меѓу нив се витамините А, Ц, Б-6. Исто така, лубеницата содржи и магнезиум кој помага во регулирање на работата на мускулите и нервите.

3. Поголема контрола врз тежината

Едно просечно парче лубеница содржи околу 45 калории, што ја прави нискокалорична закуска. Високата содржина на вода во лубеницата пак, може да биде заситена и да помогне при вносот на помалку калории воопшто.

4. Ја спречува болката во мускулите

– Лубеницата содржи Л-цитрулин – аминокиселина којашто помага да се намали болката во мускулите по тренинг. Л-цитрулинот ги шири крвните садови за да овозможи поголем проток на крв во мускулите, што може да ја намали болката со подобрување на снабдувањето со кислород за време на вежбањето, вели нутриционистката Ејми Шапиро.

Истражување од 2013 година посочува дека учесниците кои пијат обичен сок од лубеница, или измешан со цитрулин имале помала веројатност од воспаление на мускулите од групата која пиела само пијалак од цитрулин.

5. Лубеницата го намалува крвниот притисок

– Бидејќи цитрулинот помага во отворањето и опуштањето на крвните садови, тоа може да го подобри протокот на крв и да го намали крвниот притисо, вели Шапиро.

Ако човек остане правилно хидриран, тоа може да го подобри крвниот притисок така што ќе му срцето поделотворно ќе пумпа крв во мускулите. Истражување од 2012 година покажа дека лубеницата го намалува крвниот притисок кај возрасни лица со вишок килограми и со висок крвен притисок.

6. Го подобрува варењето

– И влакната се важни за варењето, бидејќи ја регулираат масата на столицата, што го олеснува процесот, вели Шапиро.

Иако лубеницата не содржи многу влакна – околу еден грам по парче, и високата содржина на вода може да помогне да се подобри варењето на храната.  

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе