Шести ден протести, од утре блокади низ цела држава против францускиот предлог

Учесниците на протестот „Ултиматум, не благодарам“ кој се одржува шести ден против францускиот предлог пристигнаа пред Собранието. Засега протестот се одвива мирно, а  собраниската зграда е обезедена од полициски кордон.

Блокади низ целата држава од утре со почетокот во 13 часот, беа најавени вечерва од протестот пред Собранието.

Протестниот марш почна пред владината зграда и продолжи кон Министерството за правда, каде дел од граѓаните симболично положија бели ружи  пред полицајците кои ја обезбедуваат зградата.

Како и во изминатите денови од протестот учесниците бараат оставки и отфрлање на предлогот и се пеат патриотски песни.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред стартот на протестот порача дека нема да наседнуваат на провокациии, истакнувајќи дека силата е во масовноста, а не во насилството.

По пристигнувањето на предлог преговарачката рамка во Собранието Мицкоски порача дека Владата „се плаши самата да донесе одлука и тежиштето го префрла во Парламентот, нагласувајќи дека ВМРО ДПМНЕ нема да поддржи какви било уставни измени.

За време на вчерашниот протест против францускиот предлог беа повредени тројца полициски службеници, а приведени пет лица. Јавното обвинителство вечерва соопшти дека е предложен притвор за три лица осомничени за инциденти за време на протестите во Скопје.

реклама

Македонија

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

ДУИ: Мицкоски го држи Меџити под контрола преку судско досие за нелегални градби во Чаир и штета од 72 милиона евра

Read more

Пороен дожд, грмежи и силен ветер во делови од земјата

Read more

Тајната на паметното купување? Во dm овие секојдневни производи чинат помалку отколку што мислите

Read more
 

Вести

Израел и Либан ќе одржат втора рунда преговори за три дена во САД

Читај повеќе

Паѓа рејтингот на Трамп: Најнизок во неговиот втор мандат

Читај повеќе

Лукашенко му се закани на Западот: Не дај Боже...

Читај повеќе

Трамп: Израел не ме наговори на војна со Иран

Читај повеќе

И Кина се огласи за Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Кој е Румен Радев и каков бил неговиот политички пат?

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Нетанјаху го осуди сквернавењето на статуа на Исус од страна на војник на ИДФ во Либан

Читај повеќе

Кои европски земји ќе бидат најбогати до 2030 година?

Читај повеќе