Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи какви било уставни измени

Силно ве уверувам дека ВМРО ДПМНЕ нема да поддржи какви било уставни измени, порача вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред почетокот на протестот за отфрлање на францускиот предлог за деблокада на евроинтеграциите на државава.

– Денеска ја добивме информацијата дека Владата одлучила преговарачката рамка и оној втор документ којшто претставува заклучоци на Советот коишто се практично дел од договорот којшто Владата на СДСМ и ДУИ го направила со официјална Софија го пренесле денеска во Парламентот иако никој не ја гледа логиката зошто во Парламентот кога станува збор за меѓувладина односно Владата е таа која што носи одлука во сето ова. Доколку донесе Владата одлука за што ние силно протестираме и велиме таа да биде не, тогаш е тој којшто одлучува, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека ВМРО ДПМНЕ нема да поддржи какви било уставни измени.

-Македонската јавност да биде сигурна дека што и да се случува понатаму со ова национално предавство и катастрофа која што ја подготвува Владата на СДСМ и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот тоа нема да го прифати. За тоа се потребни 80 пратеници, бидете сигурни дека тие 80 пратеници ги немаат и тоа треба на сите да им е јасно и во Македонија и надвор од Македонија, рече Мицкоски, порачувајќи воедно дека нема да неседнуваат на провокации на протестите.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали пратеницте од ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за уставни измени, рече дека „такви предавници во овој состав на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема“.

– Јас ве уверувам, и спремен сум за тоа да гарантирам, потенцира Мицкоски.

Тој рече дека „Владата е група на кукавици која што се плаши самата да донесе одлука па го пренесува тежиштето во Парламентот, иако Парламентот нема никаква формална нормативна улога и дополнително го поларизира народот, дополнително создава нервози и фрустрација“.

– ВМРО-ДПМНЕ ќе делува согласно стратегијата која што ќе ја договориме, а стратегијата е да сториме сѐ да му објасниме на народот во Македонија дека ова не е неговата иднина, дека ова е предавство кое што напротив ја стопира нашата иднина во обединета Европа, изјави Мицкоски и најави дека стратегијата ќе ја договорат деновиве.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Македонија

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Read more

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Read more

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Read more

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Read more
 

Вести

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Читај повеќе
  • play_arrow

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Читај повеќе

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Читај повеќе

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Читај повеќе

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе