Шимпанзата го прават она што мислевме дека само луѓето го можат

Научници во Габон набљудувале мајмуни како користат бубачки за да излечат рани на други мајмуни, особина на емпатија како кај луѓето.

Тим истражувачи од Универзитетот во Оснабрик, Германија, тврди дека набљудувајќи го однесувањето на шимпанза откриле работи за кои досега се мислеше дека се карактеристични единствено за луѓето: пружањето медицинска помош на друго лице. Нивниот труд е објавен во списанието Current Biology во понеделникот.

За многу животни е потврдено дека применуваат самолекување, со тоа што јадат соодветни растенија кога се болни. Но, за пружањето медицинска нега на друго животно долго време се сметаше дека им припаѓа само на луѓето. Групата научници, која набљудува колонија на шимпанза во Озуга проектот за шимпанза во националниот парк Лоанго во Габон, тврди дека нашиот вид сепак не е единствен.

Мајмуните многупати демонстрирале ист пристап кон лекување на отворени рани. Тие фаќале инсект и го триеле на раната пред потоа да го тргнат. Тимот посведочил за над 20 такви случаи за период од над една година помеѓу 2019 и 2021 година.

Во четири такви случаи мајмуните меѓусебно соработувале за да го направат третманот. Во две прилики учествувала возрасна женка по име Сузи, кој користела инсекти третирајќи ги раните на нејзиниот син.

URL

Во трет случај, женка ја масирала повредата на потколеницата на друг мајмун по име Литлгреј. Фатила инсект и му го дала на мажјакот, кој потоа го триел на површината од раната. А, пак, во четвртиот случај возрасен мажјак користел инсект за друга повреда кај истиот мајмун Литлгреј.

Коавторот на објавениот труд, Симоне Пика, која е когнитивен биолог, верува дека набљудувањата јасно покажуваат дека шимпанзата имаат просоцијално однесување, што значи дека вложуваат напори и во случаи каде користа е на други, а не на нив самите.

„Како некоја која се интересира за когнитивните вештини на шимпанзата, беше навистина вчудовидувачки да се види дека индивидуи не само што ги третираат своите рани, туку и раните на сосема други единки“, вели таа.

URL

Луѓето развиле особини како емпатија кои ги поттикнуваат да се грижат едни за други дури и кога тоа не влијае директно врз продолжувањето на нивните гени. Научната фела е поделена околу тоа дали други видови имаат однесување базирано врз емпатија, а германските научните се надеваат дека нивното откритие ќе „додаде уште еден аспект на тековната дебата“.

Планот на тимот е да се обиде да идентификува каков вид на инсекти користат шимпанзата во третирањето на раните. Потоа би извеле истражување за да видат дали навистина тие бубачки помагаат во процесот на оздравување на раните.

Некои инсекти кои човекот одамна ги користи навистина се покажале како корисни во клиничките истражувања, така што доколку истото се потврди и со шимпанзата - не би било изненадување. Доколку тоа сепак не е така, ќе се покаже дека шимпанзата имаат друга заедничка карактеристика со луѓето: надрилекарство.

Тагови
реклама

Вести

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Read more

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Read more

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Read more

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе