Шок бомби, шлемови и импровизирани штитови на барикадите во Мјанмар

Полицијата во Мјанмар активираше шок бомба за да ги растера демонстрантите во Јангон, најголемиот град во Мјанмар.

Тие се собраа пред состанокот на шефовите на дипломатиите на соседните земји со претставниците на армијата на оваа земја.

Според Reuters, кој се повикува на очевидци, досега не е соопштено дека има повредени.

Демонстрантите, многумина со шлемови и импровизирани штитови, се собраа зад барикадите во различни делови на Јангон, извикувајќи пароли против владеењето на воената хунта.

Според извештаите на медиумите, демонстрантите се собрале и во други делови на земјата. Протестите се одржаа во очи на средбата на шефовите на дипломатиите на соседните земји со претставниците на армијата на Мјанмар, чија цел е да ја смират насилната состојба во земјата.

Разговорите ќе се одржат два дена по најкрвавите немири во Мјанмар, откако армијата ја собори избраната влада на Аунг Сан Су Ќи пред еден месец, што предизвика масовни протести на улиците низ Мјанмар.

Министерот за надворешни работи на Сингапур Вивијан Балакришнан изјави дека шефовите на дипломатиите собрани во Асоцијацијата на нации од Југоисточна Азија (ASEAN) ќе им пренесат на претставниците на армијата во Мјанмар дека се згрозени од насилството во таа земја.

Во интервју во понеделникот, Балакришнан рече дека ASEAN ќе го охрабри дијалогот помеѓу Су Ќи и воената хунта.

Завчера најмалку 18 лица беа убиени, а повеќе од 30 беа повредени откако полицијата отвори оган кон демонстрантите кои протестираа против воениот удар и апсењето на легално избраниот премиер Аунг Сан Су Ќи, соопшти Кабинетот за човекови права на ООН.

Мјанмар е во хаос веќе еден месец, откако армијата изврши државен удар и ги приведе избраната премиерка Аунг Сан Су Ќи и бројни други политичари, нејзини сопартијци, за наводна измама на изборите во ноември.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе