Шпанската влада ја суспендираше седницата на каталонскиот парламент

Уставниот суд во Шпанија донесе одлука за суспензија на седницата на каталонскиот парламент, која беше закажана за понеделникот.

На оваа седница се очекуваше локалните лидери еднострано да ја прогласат независноста на Каталонија од Шпанија.

Како што пишуваат шпанските медиуми, оваа одлука доаѓа откако Каталонската социјалистичка партија правно ја оспорила седницата, противејќи се на нејзино одржување.

Премиерот на Шпанија, Маријано Рахој го повика каталонскиот лидер Карлес Пучдемон да се откаже од плановите за еднострано прогласување на независност во тој регион од Шпанија, за да „избегнат поголемо зло“.

Претседателот на шпанската влада во интервју со шпанската агенција EFE изјави дека решението за каталонската криза е итно враќање по легалните токови.

„Што побргу да соопштат дека нема да има еднострано прогласување на независност, затоа што со тоа исто така ќе избегнат поголемо зло“, изјави Рахој, не објаснувајќи на што точно мисли.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе