Шри Ланка е првата земја што не ја издржа глобалната криза, која е следната?

Б.С.Б.
/ 11.05.2022 / 08:49

Шри Ланка е погодена од социјални немири, а некои експерти сметаат дека оваа земја е првата која падна пред глобалната должничка криза, пишува Guardian.

Премиерот Махинда Раџапакса поднесе оставка среде протестите кои траат неколку недели. Претставниците на Меѓународниот монетарен фонд почнаа да разговараат за пакет помош кој подразбира финансиска поддршка со спроведување тешки реформи.

Во ММФ, како и во Светска банка знаат дека економските проблеми во Шри Ланка не се предизвикани само поради лошото управување со земјата. Таа е само една од државите на југот на Азија на која ѝ се заканува економска катастрофа.

Голем број сиромашни земји се соочуваат со три големи проблеми – пандемија на коронавирусот, раст на долгот и раст на цената на храната и енергенсите.

Претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас изјави дека е загрижен за земјите во развој погодени од зголемените цени за енергенси, ѓубриво и храна, но и поради раст на каматните стапки.

Според ОН, во последниот извештај е наведено дека 107 земји земји се погодени од три шока – поскапување на храната, поскапување на енергенсите и влошени финансиски околности. Во 69 земји присутни се сите три проблеми, од нив 25 се во Африка, 25 во Азија и Пацифик, 19 во Латинска Америка и Пацифик.

Листата на ранливи земји е долга. ММФ преговара со Египет и со Тунис, кои се големи увозници од Русија и од Украина, како и со Пакистан кој нема доволно струја поради поскапувањето.

Се следи ситуацијата и во Гана, Кенија, Јужноафриканска Република и Етиопија.

Аргентина неодамна потпиша пакет помош од ММФ, вреден 45 милијарди долари. Во ризик се Ел Салвадор и Перу.

Некои експерти сметаат дека следна земја би можела да биде Турција, поради инфлацијата од 70% и невообичаеното управување со економијата. Но, тоа засега се нема случено. За разлика од некои други земји, Турција може да ги прехрани своите жители.

Од Светска банка соопштија дека 60% од сиромашните земји и пред војната во Украина биле во финансиска криза. Тој ризик расте, особено во земјите кои имаат долг во странски валути. Како што пишува Guardian, Шри Ланка е првата држава која не го издржа притисокот предизвикан од војната во Украина и изгледа дека нема да биде последна.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе