Што ако успееше пучот против Ердоган?

Организаторите на пучот во Турција планирале да го обвинат Реџеп Таип Ердоган и неговите соработници за поддржување на тероризмот и за преговори со Работничката партија на Курдите. Ова го објавија турските медиуми повикувајќи се на документите што ги открила полицијата.

Во плановите било и покревање на судска постапка против турската влада. Russia Today пишува дека овие документи биле пронајдени при претресот на канцеларијата на обвинителот Мехмет Села во Истанбул, кој беше притворен по неуспешниот државен удар.

Ако пучистите го собореа Ердоган, ќе беше покрената истрага на тезата дека Ердоган и неговите соработници извеле кривично дело така што ги помагале вооружените терористички организации и игнорирале подготовки за терористички напад.

Претседателот на Турција и неговите соработници би биле кривично гонети поради процесот за решавање на курдското прашање кое е отворено се децении.

Во документот што го нашла полицијата, кој не е потпишан, но има датум од 2016 година, турското раководство би било обвинето дека ја подржува Работничката партија на Курдистан - ПКК, која во Турција се смета за терористичка организација.

Главни осомничени требало да бидат Ердоган, министерот за внатрешни работи Ефкан Ала, шефот на разузнавачката служба Хакан Фидан, поранешниот премиер Ахмет Давутоглу и нивните заменици.

Режимот на Ердоган смени околу 50.000 луѓе по неуспешниот пуч. Со големата чистка се опфатени луѓе од министерствата за внатрешни работи, одбрана, образование, социјални прашања, финансии, како и од кабинетот на премиерот, од разузнавачката служба и од директоратот за верски прашања.

Уапсени се илјадници луѓе, а претседателот со денови ја спомнува опцијата за повторно враќање на смртната казна.

реклама

Регион

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more
 

Вести

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе