Што да направите во случај на силување?

Александра Спасеска
/ 04.02.2021 / 18:44

Сексуално насилство е секое сексуално дело, обид за извршување сексуално дело, несакан сексуален коментар или сугестија насочени против некое лице и неговата сексуалност, што може да го изврши друго лице, без оглед на односот со жртвата или ситуацијата во која се наоѓаат. Се карактеризира со употреба на сила, закани или уцени за да се загрози благосостојбата и/или животот на жртвата или на лицата блиски до неа.(СЗО, 2002)

Не игнорирајте: Што е силување, сексуално вознемирување и насилство?

Што да направите во случај на сексуално насилство?

Ако штотуку преживеавте сексуално насилство и сакате да пријавите:

  • одете веднаш некаде каде што се чувствувате безбедно (вашиот дом, домот на некој близок);
  • не туширајте се, не капете се, немојте да ги миете рацете и лицето;
  • не се преоблекувајте и не ја уништувајте облеката што ја носевте;
  • ако ја смените облеката, земете ја со себе облеката што ја носевте, претходно спакувајте ја во чисти ќеси (ставете го секое парче облека одделно);
  • немојте да го менувате или „дотерувате“ моменталниот изглед;
  • јавете се на пријател/ка или член на семејство што сигурно ќе биде со вас;
  • контактирајте ја најблиската полициска станица, каде што ќе дадете изјава и од каде ќе бидете упатени во најблиската болница за лекарски преглед;
  • имајте на ум дека вашите чувства, какви и да се тие (шок, неверување, гнев, бес...) претставуваат нормална реакција на трауматско искуство;
  • случајот понатаму ќе го преземаат надлежните институции и судски ќе го процесуираат;
  • размислете да побарате стручна помош за да ви се помогне да се справите со трауматското искуство.

Ако штотуку преживеавте сексуално насилство, но не сте сигурни дека сакате да го пријавите или сте сигурни дека не сакате да го пријавите:

  • одете веднаш некаде каде што се чувствувате безбедно (вашиот дом, домот на некој близок);
  • не ја уништувајте облеката што ја носевте, чувајте ја во чиста кеса во случај да се премислите и да одлучите да пријавите насилство;
  • обидете се да го снимите настанот со онолку детали колку што можете да се сетите во случај некогаш да се одлучите да го пријавите насилството;
  • имајте на ум дека вашите чувства, какви и да се тие (шок, неверување, гнев лутина) претставуваат нормална реакција на трауматско искуство;
  • јавете се на пријател/ка или член на семејство што сигурно ќе биде со вас;
  • одете во најблиската болница на преглед - има добри причини за тоа:
  1. утврдување на каков било вид на повреда - можно е да не сте свесни за некои телесни повреди поради шокот,
  2. идентификување на сексуално преносливи болести или бременост - ова е првиот чекор во воспоставувањето контрола врз сопствениот живот,
  3. собирање медицински докази - во случај да се премислите и одлучите да пријавите насилство, ќе можете да ја икористите медицинската документација како еден од клучните докази;
  • размислете да побарате стручна помош за полесно да се справите со трауматското искуство.

Ако некој ваш близок доживеал сексуална злоупотреба:

  • останете смирени и прибрани, без оглед какви чувства имате во вас - на жртвата ѝ е потребна ваша поддршка, а не понатамошна трауматизација;
  • обезбедете безбедно место за жртвата;
  • повторувајте ѝ на жртвата дека трауматското искуство не е нејзина вина и одговорност;
  • покажете ја потребната доверба;
  • охрабрете ја жртвата да оди на лекарски преглед;
  • понудете ѝ на жртвата опции што да прави понатаму - не донесувајте одлуки за неа! ;
  • запомнете дека сè што ви кажала жртвата е строго доверливо - одлука на жртвата е кому и колку да каже;
  • слушајте ја жртвата и помогнете ѝ да ги искаже своите чувства;
  • укажете на жртвата можност за помош и поддршка (телефонски броеви на важни институции и / или граѓански организации кои се занимаваат со ова прашање).

Како да се грижите за себе откако сте доживеале сексуално насилство:

Луѓето кои минуваат низ особено тешки периоди по трауматските искуства може да се занемарат себеси и нивната благосостојба до одреден степен. Поради оваа причина, имајте го предвид следново:

  • што и да чувствувате, запомнете - во ред е и нормално во вашата ситуација;
  • прво погрижете се за себе - ќе се грижите за другите подоцна, доколку е потребно;
  • почестете се со работи што ве релаксираат и смируваат;
  • обидете се да ги сведете на минимум стресните ситуации;
  • најдете места / начини што можат да бидат вентил за силните чувства што ги доживувате;
  • обидете се да избегнете насилна содржина на телевизија, особено филмови и серии поврзани со сексуално насилство;
  • избегнувајте алкохол или други стимуланси, бидејќи тие можат да ги зајакнат непријатните спомени или слики.
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Здравје

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Read more

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе