Што да правите ако добиете отказ од работа?

Како што добивањето на нова работна позиција може да ве развесели, во иста мерка може да ве растажи и моментот во кој сте отпуштени од вашето досегашно работно место.

За среќа, не постојат ограничен број на работни места кои една личност може да ги промени во текот на целиот живот, па на отказот не треба да гледате како на крај, туку како на нов почеток.

Во прилог прочитајте што можете да научите од отказот и како да се однесувате потоа:

1. Време е за промена

Секако дека сега вие сте разочарани и го губите чувството за тоа колку всушност вие вредите. Токму поради тоа е вистинско време за промена. Сега е потребно да откриете со што вие всушност навистина сакате да се занимавате во животот, па вистински да работите на тоа да се оствари.

2. Посветете се на себеси

Ова е идеална можност да работите на себеси, на односот со другите луѓе и воопшто на самиот квалитет на вашиот живот. Почнете од почеток, градете се како личност и добро размислете за тоа што ве прави среќни.

3. Имате право на пауза

Ако финансиската ситуација тоа ви го дозволува, навистина е добро после отказ да си дадете себеси мала пауза. Паузата ќе биде добра за вашето психичко здравје, поточно ќе ви помогне да си ги избистрите мислите и да си наполните енергија за нови победи.

4. Немојте да бидете огорчени

Секако дека не е лесно да се остане позитивен после добивање на отказ, но на тоа треба да гледате како неопходна промена за напредок во вашата кариера. Немојте да се опседнувате со негативни емоции и бес кон работодавецот. Едноставно тргнете напред и не му се навраќајте на минатото.

5. Отказот не значи крај

Како што рековме и на почетокот, ова е само еден нов почеток, никако крај. Немојте во никој случај да го земате во предвид мислењето на околината, бидејќи отказот е нешто со што секојдневно се среќаваат илјадници луѓе, па колку и да ви звучи чудно, тоа претставува сосема нормална работа. Животот е преполн со успеси и падови, па после неуспех концентрирајте се за тоа да ја добиете следната битка и на тој начин да се изненадите себеси, но и луѓето околу вас.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе