Што е зимски блуз и како да се препознае?

Помалку сончева светлина, поладни денови, подолги ноќи и помалку време на отворено, сето тоа може да влијае на вашето ментално здравје.

Во овие подоцнежни месеци од годината, а особено кога навлегуваме подлабоко во есента и почнуваме да размислуваме за зимата, многу луѓе може да доживеат промени во расположението - тоа е вообичаено.

Здравствените експерти открија зошто тоа се случува, како можеме да се справиме со промените во нашето ментално, емоционално и физиолошко здравје и како да ги подобриме симптомите и расположението.

Зимскиот блуз, често наречен сезонско афективно растројство (САД), се однесува на тип на депресија што обично се јавува во текот на есенските и зимските месеци, кога изложеноста на природна сончева светлина е намалена.

Рајан Султан, истражувач и психијатар на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк, истакнува дека тоа е призната состојба на ментално здравје која се карактеризира со промени во расположението и однесувањето кои следат сезонски модел.

„Додека многу луѓе доживуваат поблаги промени во расположението во текот на зимата, САД претставува потешка и клинички значајна форма на оваа состојба“, истакна д-р Султан.

Точната причина за зимскиот блуз не е целосно разбрана, но се верува дека неколку фактори придонесуваат за неговиот развој.

Еден од примарните фактори, вели тој, е намалената изложеност на сончева светлина во текот на есенските и зимските месеци.

Сонцето е она што ни носи убава енергија и оптимистички енергични моменти во кои уживаме во потоплите денови. Темнината која започнува околу 17 часот попладне може да поттикне развој на сезонска депресија, односно т.н. зимски блуз.

Покрај падот на енергијата и лошото расположение, зимскиот блуз може да донесе и низа други емоции и состојби како што се зголемена загриженост, замор, анксиозност, поспаност, летаргија, слаба концентрација и слично.

Симптомите на зимскиот блуз или сезонско афективно растројство, може да варираат по сериозност, но обично го вклучуваат следново:

  • постојано чувство на тага, безнадежност или вознемиреност;
  • ниска енергија и зголемен замор;
  • зголемена потреба за сон и отежнато будење наутро;
  • желба за јаглени хидрати и зголемување на телесната тежина;
  • тешкотии во концентрирањето и донесувањето одлуки;
  • социјално повлекување и намален интерес за активности;
  • раздразливост и зголемена чувствителност на отфрлање.

„Важно е да се напомене дека овие симптоми обично се јавуваат кон крајот на есента или почетокот на зимата и се намалуваат во пролет.

Сепак, зимата треба да се преживее, без разлика дали сте нејзини поддржувачи или не, бидејќи и таа е дел од годишниот циклус и не може да се избегне ако така сакаме. За да си го олесните овој период и да не паднете во целосна депресија, обидете се секој ден да направите нешто убаво за себе за кое знаете дека ќе донесе насмевка на лицето и топлина во вашето срце.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Здравје

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Read more

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе