Што ќе ни донесе Годината на Тигарот според кинескиот хороскоп?

Кинескиот хороскоп за 2022 открива дека годината ќе биде динамична, но и поволна за многу добри промени!

Во текот на следната година, важно е да бидете храбри, одговорни, решителни. Преземете одговорност за вашите постапки, а најголемата среќа можат да ја постигнат само оние кои ја будат внатрешната сила.

2021 година според кинескиот календар започна на 12 февруари и беше наречена Година на Металниот Бик. Според источната традиција, Бикот е мирно, самоуверено и благородно животно, а се зборуваше дека оваа година им носи посебна среќа на одговорните, вредните и бистрите луѓе. Но, што нѐ чека во следната, 2022 година?

Кинеската Нова година започнува на 1 февруари и ќе биде посветена на Водниот Тигар. Традиционално, Годината на Тигарот доаѓа на секои 12 години. Под овој знак беа 2010, 1998, 1986, 1974, 1962 година.

Луѓето родени во овие години живеат под покровителство на овој хороскопски знак. Следната година на Тигарот, по 2022 година, нѐ очекува во 2034 година.

Симболика на тигарот

Тигарот се смета за многу агресивно и непредвидливо животно, но ќе го ублажи елементот Вода кој носи нежност и хармонија. Тоа значи дека 2022 година ќе биде динамична и активна, но не премногу нестабилна. Според годишниот кинески хороскоп за 2022 година, можеме да очекуваме период на драматични промени.

Тигарот е симбол на голема енергија и брзина, па може да мотивира многумина од нас да се впуштат во големи животни авантури. Можно е некои да направат радикална промена на професионален план, да започнат сопствен бизнис, да дадат отказ или да ја сменат професијата, а можни се и преселби во странство.

Водениот Тигар ви носи многу можности кои можат да ви го направат животот посветол и поинтересен. Не плашете се од промени!

Бидете подготвени да прифатите нови предлози доколку во нив гледате каква било перспектива. За разлика од конзервативниот Бик, Тигарот ќе помогне во спроведувањето на навидум лудите планови и ќе ве доведе до успешен крај.

Во текот на следната година, важно е да бидете храбри, одговорни, решителни.

Преземете одговорност за вашите постапки, а најголемата среќа можат да ја постигнат само оние кои ја будат внатрешната сила.

Водениот елемент ја симболизира креативноста, така што ќе имате идеи и решенија за остварување на вашите соништа.

Следната година ќе ги подобри и зајакне семејните односи, а ова е одлична година за свадби и проширување на семејството. Оние кои се во врска ќе доживеат нови фази во развојот на врската - сѐ оди на подобро.

Според кинеското верување, 2022 година ќе им донесе најмногу среќа на родените во знакот Тигар.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе