Што ќе прави Вагнер по смртта на Пригожин? Многу членови повикуваат на одмазда

Бројни симпатизери, како и членови на паравоената формација Вагнер, се собраа во текот на ноќта од среда кон четврток пред центарот на платеничката група во Санкт Петербург каде му оддадоа почит на шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, и на другите членови кои загинаа во авионската несреќа во Русија.

Според руските локални медиуми, голем број граѓани оставиле цвеќе и свеќи пред Вагнер центарот во овој град, со што им оддале почит на Евгениј Пригожин и другите жртви.

Додека некои граѓани на овој начин се збогуваа со Пригожин, бројни членови на Вагнер на социјалните мрежи и каналите на Telegram блиски до оваа паравоена формација повикаа на одмазда и изјавија дека Кремљ стои зад авионската несреќа.

Меѓу другото, на еден од каналите на Telegram се појави порака дека доколку се потврди смртта на Пригожин, Вагнер ќе организира нов „поход“ на Кремљ.

Многу брзо по смртта на Пригожин, на Telegram беше објавено видео на кое се гледаат тројца војници кои тврдат дека се членови на Вагнер.

„Во моментов многу се зборува за тоа што ќе направи Вагнер групацијата. Можеме да ви кажеме едно. Почнавме, подгответе се за нас“, изјавија тие.

На друг од Telegram каналите поврзани со Вагнер објавено е дека Пригожин можел да стане претседател на Русија.

„Дали знаете дека Пригожин беше на 200 километри од Москва пред два месеца и можеше да стане претседател? Меѓутоа, Путин се потруди да падне од највисокиот можен прозорец“, се наведува.

Групата Вагнер засега не се огласува по официјални канали, но она што од претходно се знае е дека паравоената формација има одредени планови за вонредни ситуации како оваа. Дел од силите на Вагнер се наоѓаат во Белорусија, додека дел сѐ уште се на територијата на Руската Федерација, а засега не се знае во кој правец ќе дејствува групата откако практично ѝ е „отсечена глава“.

реклама

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе