BMW i4 M50 ќе дебитира на почетокот на јуни.
По лансирањето на електричната лимузина i4, BMW на купувачите ќе им го понуди новиот М50.
Баварскиот произведувач на Instagram ја објави првата фотографија од овој модел, но за кратко време ја избришаа.
Сепак фотографијата се прошири по социјалните мрежи, а се гледа дека новиот модел ќе има сина мат боја, а на предната маска се гледа препознатливата ознака М.
BMW i4 M50 има и агресивен преден браник, но најголемата разлика е во погонот.
Се очекува дека М50 ќе има 530 коњски сили, а од 0 до 100 км/час ќе забрзува за 4 секунди.
Повеќе детали ќе бидат познати по 1 јуни.