Што прави Путин во слободно време?

Рускиот претседател Владимир Путин гледа германски телевизиски канали за да го вежба германскиот јазик кој течно го зборува, откри неговиот портпарол.

„Гледа германски ТВ канали, гледа и канали на англиски јазик. Има и на англиски јазик, не секој ден, туку неколку пати неделно. Ова се кратки, но редовни лекции“, изјави Дмитриј Песков за „Аргументи и факти" во интервју објавено во вторникот.

Путин со години живеел во источногерманскиот град Дрезден, додека градот беше дел од источна Германија, како офицер на советската служба КГБ, и таму научил течно да зборува германски.

„Многу важно хоби му е читањето, особено историската литература и мемоари“, рече Песков за неговиот шеф.

„Се разбира, има миленичиња во животот на претседателот“.

Сепак, животните во моментов се чуваат подалеку од јавноста, за разлика од лабрадорот Кони, кој почина пред извесно време.

„Ретко ги има во јавноста, па затоа не сакам да кажувам ништо за нив“, рече Песков. На прашањето дали се мачки или кучиња, тој истакна дека никогаш не видел мачки во куќата на претседателот.

„Кучиња да, но мачки не“.

Песков вели дека Путин повеќе не одржува блиски контакти со некој политичар на власт како што имал со поранешниот германски канцелар Герхард Шредер или италијанскиот премиер Силвио Берлускони.

„Знаеја да се сретнат во различни формати“, рече тој.

Продолжете да читате >>> Викенд во Сибир: Владимир Путин на одмор со Сергеј Шојгу

реклама

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе
  • play_arrow

Муцунски: Бојкотот не успеа, ДУИ оди во опозиција

Читај повеќе