Рускиот претседател Владимир Путин и рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, викендот го минаа во Сибир. 68-годишниот Путин традиционално ги минува одморите во Сибир.
„Владимир Путин заедно со министерот за одбрана Сергеј Шојгу го мина одморот во Сибир“, потврди Дмитриј Песков.
Од фотографиите се гледа како Путин управува со теренско возило низ густа шума, а на снимките се гледаат Путин и Шојгу како преминуваат мост од јаже над замрзната река.