УЕФА ЕУРО 2020

Што се крие зад англиската навивачка песна „It's Coming Home“?

Филип Здравески
/ 09.07.2021 / 13:37

Интересната мелодија која навивачите на Англија ја потпевнуваат на ова Европско првенство крие посебна приказна, приказна кој нема врска со тоа дека „пехарот се враќа дома“.

За време на Европсково првенство нема кој не ги слушна англиските навивачи како ги пеат стиховите „It's Coming Home“. Но, ако убаво се потсетиме, истите стихови ечеа и на Мундијалот во Русија пред три години. Тоа е песна која Англичаните ја пеат на секој голем турнир кога нивната репрезентација стигнува далеку, со тоа што такви сценарија во последните 25 години се случија само три пати: сега, во 2018 и во 1996.

Remote video URL

Токму 1996 е годината кога се раѓа овој познат стих. И тоа сосема за друга намена. Англија во 1996 е домаќин на Европското првенство, а на 20 мај истата година рок-бендот „Lightning Seeds“ заедно со дуото комедијанти Дејвид Бадил и Френк Скинер ја пуштаат во етер песната насловена како „Three Lions“. Песната е на барање на ФА за да се направи навивачка химна на англиската репрезентација, но откако „Lightning Seeds“ решаваат да го донесат комедијантите во тимот, песната добива друг терк. Потоа ФА дури и се буни за изборот на зборови, па некои стихови се исфрлени и заменети.

Стиховите на песната, меѓу кои и познатиот „It's Coming Home“, алудираат на фактот што прв пат по Мундијалот во 1966 година фудбалот се враќа во Англија, земјата која го измисли. Згора на тоа, во песната се пее за агонијата на англиските навивачи кои освен тој Мундијал не знаат за друг успех на нивната репрезентација, позната под прекарот „Трите лава“ (оттаму и насловот на песната). И покрај неуспесите од минатото, секое ЕУРО или Мундијал Англичаните го дочекуваат со нов оптимизам дека овој пат ќе биде поинаку („I know that was then, but it could be again“).

Remote video URL

Песната станува толку популарна што веднаш добива алтернативен наслов и тоа „It's Coming Home“, а се пробива на врвот на британската топ листа. Навивачите лудуваат за песната на ЕУРО 1996 понесени од еуфоријата дека нивната репрезентација доаѓа до полуфиналето, на чекор од пехарот. Но, таму следува повторно големо разочарување: Германија ги победува на пенали и тоа откако сегашниот селектор Гарет Саутгејт го промашува решавачкиот пенал.

Оттогаш песната добива друго значење: не дека фудбалот ќе се врати дома, иако стихот „Football's Coming Home“ останува непроменет, туку дека пехарот ќе се врати дома, било тоа бил европски или светски пехар. Најблиску Англичаните дојдоа на Мундијалот во Русија кога малку фалеше пехарот да се врати дома, но Хрватите во полуфиналето ставија крај на тие надежи.

Remote video URL

Сега, на ова Европско првенство Англичаните се поблиску од било кога. Веќе се во финалето кое се игра в недела на нивниот „Вембли“, но противник е забрефтаната Италија чии навивачи порачуваат дека пехарот нема да се врати дома, туку во Рим.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Read more

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more
 

Спорт

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе