Што се случува во мозокот кога работиме од дома?

Работата од дома е вистинско задоволство кога ќе помислиме колку време, пари и енергија заштедуваме. Па, затоа и очекуваме односот меѓу работата и приватниот живот да биде подобар, конечно да постигнеме рамнотежа. Но, работите често не одат според планираното.

Често се случува настаните да не се одвиваат според планираното, па тогаш се зголемува и нивото на стрес. Тоа и не е секогаш лошо, бидејќи стресот го изострува фокусот и ја зголемува концентрацијата, но исто така и дополнително нè исцрпува.

Кога мозокот ќе забележи дека работите ни излегуваат од контрола, се зголемува излачувањето на кортизолот, хормон на стресот. Мозокот ја ограничува циркулацијата на крвта кон стомакот и мускулите, па оттука и чувството на некоја празнина во стомакот. Брзате, а не постигнувате резултати, посегнувате по благи работи.

Особено повеќе на стрес се изложени родителите на мали деца, кои во време на пандемијата на COVID-19 се обидуваат што помалку да ги изложат децата на ризик од зараза и работат од дома, со децата покрај нив. Не е лесно да се исклучите од улогата на родител додека сте дома со децата и се обидувате да бидете ефективен работник, но возможно е да направите баланс кој потоа може да премине во рутина. Финтата е во тоа што децата се непредвидливи, па лесно се фрустрираме со нив додека работиме, но тоа се надминува кога ќе им посветиме внимание. Одвојте време за нив, малку игра, малку разговор, најважно е да минете квалитетно време заедно.

Овие три совети ќе помогнат да го избегнете стресот додека работите од дома.

1. Одредете само едно место на кое ќе работите, мозокот ќе научи асоцијативно да го поврзете со работниот режим и концентрацијата ќе биде подобра.

2. Избегнувајте мултитаскинг, психолозите велат дека е мит. Не можеме да правиме две или три работи истовремено, туку само прескокнуваме со голема брзина од една до друга работа, па тоа делува како истовремен процес. Токму тоа исцрпува.

3. Задолжително правете паузи, не е доволна паузата од половина час за ручек. Треба да правите пауза по пет минути на секој час. Најдобро е да станете од столчето, да се оддалечите од компјутерот и да погледнете низ прозорец. Не е лошо и да се истегнете малку, ќе бидете повеќе продуктивни во текот на работниот ден.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе