Што се случува во мозокот кога сте на диета?

Постојат безброј совети за диети, трикови, рецепти и планови за оброци, а сите промовираат различни начини на губење тежина. Дури и кога имате план за исхрана кој помага брзо да ослабете, понекогаш тоа е и понатаму борба благодарение на природните пориви на телото.

Првата работа што треба да ја сфатите е тежината на зададената цел. Тоа е „среќната тежина“ на вашето тело, вклучувајќи ги и мастите кои најмногу му одговараат на телото. Според Дари Дирхан, оваа количина масти исто така станува тоа што мозокот го утврдил дека е најдобро за оптимална функција на организмот.

„Два хормони на гладот се одговорни за обидот за регулирање на исхраната, грелин и лептин, објаснува Дирхан.

Грелин е познат како хормон на гладот бидејќи се излачува кога енергијата во мозокот е многу ниска. Овој хормон го создава она чувство на глад кое ве уверува да внесете глукоза, префериран извор на енергија за мозокот.

Лептин е познат како хормон на ситоста бидејќи му сигнализира на мозокот дека сте доволно сити кога енергетските нивоа се задоволени.

Овие сигнали имаат три примарни функции, тие на телото му кажуваат кога треба да бара храна, кога треба да успори и да ја сочува енергијата, сè во име на опстанокот.

„Мозокот не се занимава со вита става и убав изглед. Тој се занимава со одржување во живот“, вели д-р Дејвид Пролого.

Затоа, кога за првпат ќе започнете нова диета или не внесувате доволно енергија за потребите на вашиот мозок, може да искусите симптоми како слабост, глад, депресија, замор и главоболки. Добрата вест е дека мозокот се навикнува на овие сигнали по неколку недели. Кога телото ќе ја достигне ново поставената точка, ќе почувствувате намален апетит.

Кога станува збор за нездравата храна, тогаш се активира допаминот. Препораките се да се фокусирате на квалитетот на исхраната, да бидете внимателни со сигналите на гладување во телото и да додадете физичка активност. Ова, заедно со овие мали промени, може да ви помогне во губењето килограми, на подолг временски период.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе