Што значат само пет килограми вишок за вашето здравје?

Кај луѓето кои се здебелиле во просек од пет до шест килограми во средна возраст, лекарите забележале значително поголема веројатност да им биде потребна замена на зглобот на коленото во старост, според една нова студија.

Веројатноста за целосна замена на зглобот кај жените кои се здебелиле е 34 проценти, а кај мажите 25 проценти.

Резултатите од новата студија, која наскоро ќе биде претставена на Меѓународниот конгрес за дебелина во Мелбурн, Австралија, открива дека дури и релативно мало зголемување на телесната тежина кај поединци ги зголемува шансите за развој на остеоартритис на коленото, најчеста причина за болка во колената. и потребата од операција.

Остеоартритисот, познат и како остеоартроза или само артроза, е хронично прогресивно дегенеративно заболување на зглобовите, чија главна причина е влошување на зглобната 'рскавица.

После кардиоваскуларните заболувања, остеоартритисот е втора најчеста причина за хронична инвалидност, пред сè на зглобовите на колкот и коленото, поради што превенцијата е исклучително важна.

Не постои лек за остеоартритис, но постојат многу начини за ублажување на симптомите. Покрај лековите за ублажување на болката, многу се важни и промените во животниот стил, посочуваат експертите и додаваат дека во некои случаи единствената опција која останува е операција за замена на коленото.

„Слабеењето може да помогне во ублажување на симптомите на остеоартритис на коленото, бидејќи го намалува оптоварувањето на зглобовите, како и шансите за развој на штетно воспаление“, вели професорката Анита Влука од австралискиот универзитет Монаш, која ја водела студијата.

„Меѓутоа, треба да се нагласи дека е тешко да се намали вкупната телесна тежина за најмалку 10 проценти за да се има минимален ефект врз намалувањето на болката во коленото, а уште потешко е да се одржи оваа тежина, особено кога има е остеоартритис кој ја намалува подвижноста. Имаме докази дека одржувањето на оптимална телесна тежина за пациентот е полесна и поостварлива цел отколку нејзиното губење, па затоа спроведовме истражување за тоа како зголемувањето на телесната тежина е поврзано со симптомите и развојот на остеоартритисот“.

Д-р Влука и членовите на нејзиниот тим ги разгледаа претходните студии за корелацијата помеѓу зголемувањето на телесната тежина и остеоартритисот на коленото.

Тие анализираа 20 претходни студии во кои беа вклучени стотици илјади пациенти.

Рендгенските снимки покажуваат дека целокупното зголемување на телесната маса значително влијае на промените во зглобот, појавата на болка, вкочанетост и, во крајна линија, промените во квалитетот на животот на полошо.

Поради зголемување на телесната тежина и вишок килограми се оштетуваат 'рскавицата, коските и другите делови од зглобовите. По проучувањето на конкретно две студии кои вклучија повеќе од 250.000 учесници, авторите заклучија дека зголемувањето на телесната тежина значително ги зголемува шансите за целосна операција за замена на коленото.

„Спречувањето на развојот на остеоартритисот и забавувањето на неговата прогресија не само што ќе ја намали потребата од операција, туку ќе го намали и притисокот врз здравствените услуги кои, поради стареењето на населението, кое во исто време станува се подебело во западниот свет, се соочува со зголемена побарувачка за хируршки процедури“, рече Влука.

„Одржувањето оптимална телесна тежина во средната возраст би го намалило ризикот од развој на остеоартритис на коленото, а за оние кои веќе страдаат од него, би ја намалиле болката, губењето на функцијата на коленото и потребата од скапа операција“, заклучува таа.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе