Сицилија: Четворица мртви и петмина исчезнати по експлозија во зграда

Кајгана/МИА
/ 12.12.2021 / 12:10

Четири лица загинаа, а пет се водат за исчезнати по експлозија која предизвика уривање на четирикатница на Сицилија, соопштија денеска властите.

Две жени се пронајдени живи под урнатините во Равануса, на југот на земјата, откако зградата се урна синоќа, а спасувачите со кучиња трагачи се уште трагаат по преживеани на местото на несреќата.

Локалната единица за цивилна заштита на Twitter потврди дека досега загинале четири лица.

На телевизиските снимки се гледаат урнатини и дрвени греди на местото на зградата, околу која се наоѓаат оштетени градби.

Експлозијата најверојатно била предизвикана од истекување гас, соопштија властите и веднаш отворија истрага.

-Гасот веројатно нашол шуплина каде што се акумулирал, изјави Џузепе Мерендино, командант на пожарникарите во провинцијата Агриџенто, за телевизиската станица Rainews24. Насобраниот гас веројатно бил активиран од случајно активирање: автомобил, лифт, електричен апарат.

Набргу по експлозијата, градоначалникот на Равануса, Кармело Д’Анџело, преку Facebook ги повика на помош „сите достапни луѓе кои имаат лопати и булдожери“.

– Се случи катастрофа, кажа тој.

Педесет луѓе мораа да ги напуштат становите, изјави Д’Анџело за Rainews24, бидејќи во експлозијата се оштетени и соседните згради. 

Remote video URL
Тагови
реклама

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе