Симболична казна за суперлигашите, допрва разврска и за Барса, Јуве и Реал

Девет од дванаесетте клубови од пропаднатата Супер лига ја потврдија лојалноста кон УЕФА, но сепак ќе добијат парични казни, додека на останатите три им се заканува исфрлање од Лигата на шампиони.

Барселона, Реал Мадрид и Јувентус и натаму стојат на ставот за формирање на своја лига надвор од УЕФА, па одлуката за нивите казни допрва треба да биде донесена.

Во однос на останатите девет клубови (Арсенал, Атлетико, Интер, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Милан, Тотенхем и Челси) УЕФА одлучи симболично да ги казни и тоа со одземање на 5% од добивката која треба да ја добијат од УЕФА за една сезона.

„Овие девет клуба сфатија и прифатија дека проектот за Супер лигата беше грешка и им се извинија на навивачите, на националните федерации, на националните првенства, на останатите европски клубови и на УЕФА. Воедно, тие признаа дека тој проект не би добил дозвола согласно статутот и правилата на УЕФА“, соопшти европската куќа на фудбалот.

УЕФА додаде и дека деветте клубови ќе имаат право да настапуваат во нејзините натпреварувања доколку се квалификуваат преку националните првенства и купови. Најави и дека евентуалната казна доколку во иднина некој клуб се обиде да игра во натпреварување слично на Супер лигата ќе гласи 100 милиони евра.

Во однос на трите проблематични клубови, Барса Јуве и Реал, УЕФА не донесе одлука и најави дека нивната казна дополнително ќе биде одредена.

„УЕФА го задржува правото да ги сакнционира оние клубови кои сѐ уште се немаат откажано од таканаречената Супер лига. Тие се предадени на дисциплинската комисија на УЕФА“, додаде.

На овие три клуба им се заканува драконска каза и тоа забрана за настап во европските купови за време од две години.

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе