Симеоне: Реал е подобар тим од нас, но подобри беа и Барса и Баерн

Реал и Атлетико на „Сан Сиро“ во Милано втор пат во последните три години ќе играат во финалето во Лигата на шампионите. Фаворит нема, ќе се води голема борба од почетокот до крајот.

Тренерите и фудбалерите на двата тима, ден пред натпреварот дадоа изјави на официјалните прес конференции.

„Ме прашувате дали чувствувам притисок. Секако, но исто така обожувам што на грбот имам 113 години историја“, рекол тренерот на Атлетико, Диего Симеоне и продолжил:

„Знам дека многумина говорат за моето суеверие, но тие ја потценуваат нашата работа. Ќе биде тоа израмнет натпревар во кој Реал, поради индивидуалниот квалитет, повеќе ќе ја има топката“.

За многумина пласманот на Атлетико во финалето е изненадување, но аргентинскиот стратег не е изненаден од тоа.

„Како дојдовме до финалето? Секој тренинг го одработивме со иста желба и труд. Имаме десетмина различни играчи во однос на финалето пред две години. Тоа е највредното нешто што го има овој тим. Да се игра во финалето е сјајно, но да се освои титулата тоа е волшебно. Од Атлетико има подобри тимови, тоа се Баерн, Барселона, Реал и уште неколку други. Но ние сега сме во повластена положба, која можеме да ја одржиме само со победа. Кога станува збор за Реал, таму Зидан направи фантастична работа. Го стави Каземиро без да се интересира што се случувало претходно. Тоа говори колку е тој важен како тренер. Сега Каземиро е најважниот играч за балансот кој го има Реал“, рекол Симеоне.

Титулата ја посакува и предводникот на Реал, Зинедин Зидан, тој се надева дека ќе го повтори успехот на Анчелоти од 2014 година.

„Нè очекува екстремно тежок натпревар, тоа е сигурно. Знаеме како се освојува овој трофеј, сакаме повторно да го подигнеме. Анчелоти пред финалето во Лисабон ми рече: „Еден ден и ти ќе бидеш в слична ситуација“ и еве сега сум тука. Верувам дека епилогот ќе биде ист“, рекол Зидан.

Легендарниот француски фудбалер потврдил дека Кристијано Роналдо е 100 проценти подготвен за финалето.

„Ќе игра, тоа е сигурно. Се шегуваше дека болката престанува кога играш финале во Лигата на шампионите“, дополнил Зидан.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more
 

Спорт

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе